• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Како да се помират тврдокорните пушачи и Светската здравствена организација?

31/03/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Како да се помират тврдокорните пушачи и Светската здравствена организација?

Во Европската унија се води дебата на тема кој е најефикасниот план за намалување на штетите предизвикани од пушење. Заговорниците на производите без чад, повикувајќи се на неколку светски студии, инсистираат на ставот дека овие производи се многу помалку штетни во споредба со цигарите и дека треба да се користат. Од друга страна, дел од официјалните лица на ЕУ и научната заедница остануваат внимателни, истакнувајќи го недостатокот на информации за долгорочните ефекти на алтернативите.

Ризикот секогаш постои, но може да се намали штетата

Европската комисија зазема став дека сите научни проценки во врска со новите никотински производи ќе бидат внимателно разгледани. Пратеничката на десниот центар за Европскиот парламент, Марија Спираки смета дека целта треба да биде „двојна“ и дека на пушачите може да им се помогне да се откажат од традиционалното пушење со користење на нови тутунски производи, но дека пристапот до овие производи треба да биде уреден под многу строги услови.

Во прилог на тезата дека на светот му е потребна примена на концептот за намалување на штети, пример наведе Константинос Фарсалинос, научен соработник на кардиохирургијата Оназис во Грција, објаснувајќи дека ако се врзете со појас во автомобил, тоа не значи дека нема да доживеете судир, но поголеми се шансите да ја преживеете несреќата или да не бидете потешко повредени.

„Носењето појас додека возите ја намалува штетата. На луѓето не им е забрането да ги возат своите автомобили, бидејќи тоа подразбира одредени ризици. Вие не го елиминирате ризикот, туку го намалувате“, вели тој.

Сличен став на оваа тема изнесе и Дејвид Свенор, канадски правник и професор на Универзитетот во Отава, истакнувајќи дека сè што прават луѓето носи извесен ризик. Свенор рече дека повеќе од 50 години знаеме дека луѓето не се разболуваат и умираат поради никотинот од кој се зависни, туку поради начинот на кој го внесуваат – со вдишување во белите дробови.

„Знаеме дека можеме да го намалиме ризикот за речиси 99 проценти со едноставен премин на производите кои не согоруваат, а ги исполнуваат стандардите врзани за состојките“, смета тој.

За пушачите единствен спас е алтернативата

За долгогодишните пушачи и зависници од никотин на кои им е многу тешко или никако не се во состојба да ги остават цигарите, користењето производи без чад може да претставува првиот чекор кон откажување од цигарите и намалување на ризикот од заразување со болести, за кои се знае дека се предизвикани од тутунскиот чад, сметаат многу експерти.

Корнел Раду-Логин, заговорник на јавното здравје на Европската мрежа за превенција од пушење и тутун (ENSP), иако е скептик кога станува збор за замена на цигарите со производите без чад, прокоментира дека новите тутунски производи би можеле да бидат решение за големиот број пушачи, доколку тоа им го препорача доктор.

„Секој медицински експерт може да им помогне на пушачите да престанат да пушат, на начин на кој смета дека е најдобар за пушачот“, заклучи тој.

Заклучокот на многу светски експерти е дека несогорливите тутунски производи  навистина се алтернатива на цигарите, бидејќи го намалуваат ризикот по здравјето, што го потврдија телата како Вишиот здравствен совет во Белгија, Институтот за проценка на ризик во Германија (BfR), Институтот за здравје и животна средина во Холандија (RIVM), Кралскиот лекарски колеџ во Велика Британија или Американскара управа за храна и лекови (FDA).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати
Вести

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати

15/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,05 отсто, најтргувани акциите на Македонијатурист

13/06/2026
Што се случува со Фејсбук?
Вести

Пад на Фејсбук и Месенџер, се чека официјално објаснување

12/06/2026
Студентите од приватните факултети бараат бесплатен градски превоз во Скопје
Вести

Напад врз контролор на ЈСП поради неплатен билет

11/06/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко
Вести

Сообраќаен инцидент прераснал во обид за убиство, истрага против двајца браќа

08/06/2026
Нема активни пожари во Македонија
Вести

Инцидент во Скопје: Изгоре паркиран автомобил, истражуваат причините

06/06/2026
Следна вест
Биди кул сопственик, маскирај го своето куче и донеси го на дружба со кучињата од ЈП Лајка!

Биди кул сопственик, маскирај го своето куче и донеси го на дружба со кучињата од ЈП Лајка!

Најнови вести

Ердоган тврди дека води на предизборните анкети

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
Ланд ровер“ удри пешак во Гевгелија

Жителите на „29 Ноември“ во Центар без вода до завршување на интервенцијата

16/06/2026
Половина Скопје утре без струја

ЕВН најави прекини: Делови од Кисела Вода, Илинден и Центар без електрична енергија

16/06/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

По договорот со Иран, Трамп се насочува кон мир во Украина и Либан

16/06/2026
Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

16/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.