• Импресум
Tuesday, June 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Кој нема сопствено возило, нека се снаоѓа: Утре Скопје без јавен превоз!

21/01/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Кој нема сопствено возило, нека се снаоѓа: Утре Скопје без јавен превоз!

Jавен превоз утре ќе има до 9 часот, а потоа автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе се повлечат се до очекување на одлуката на седницата на Советот на Град Скопје за исплата на декемвриската плата и на субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието. Редовно ќе сообраќаат само комбињата за превоз на лица со посебни потреби и автобусите кои вршат организиран превоз за ученици за кои ЈСП има договор со училиштата и општините.

Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски, појаснува дека со тоа ќе се излезе во пресрет на учениците да стигнат до училиштата, со оглед дека почнува второ полугодие и граѓаните и вработените до своите работни места, до болниците…

– 270 автобуси на ЈСП утре ќе се вклучат на сите линии и ќе сообраќаат до 9 часот, а потоа се враќаат во двете авто – бази и ќе останат се додека не се донесе одлука на седницата на Советот на Град Скопје во врска со субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието. Доколку парите легнат уште дента на сметката на ЈСП истиот ден ќе биде возобновен превозот – изјави за МИА Стојановски.

Тој најави дека во 10:30 часот значителен дел од вработените на ЈСП ќе бидат пред вратите на Советот на Град Скопје, каде ќе се носи одлуката за субенциите на јавниот градски превоз.

Стојановски подвлекува и дека нема да прифатат половични одлуки. Очекуваат да биде донесена одлука за целосниот износ на субенциите за ЈСП од 11 милиони евра, кој треба да овозможи редовна исплата на платите за вработените за 2024 година.

– Ако советниците не донесат одлука за исплата на целосниот износ на субвенциите, остануваме на ставот да нема превоз. Не чека изборна година во која поради законски ограничувања, повторно е можно одлагање на одлуките за субенциите за претпријатието и доцнење на платите, а тоа нема да го дозволиме – подвлекува Стојановски.

Вонредната седница на Советот на Град Скопје на која како единствена точка на дневен ред е одлуката за субвенциите од 11 милиони евра за ЈСП, е закажана за утре, во 11 часот. Ова е четврти пат како одлуката за субенциите на ЈСП се става на седница на Советот на Град Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТИТАН Усје:  Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно сите стандарди и не ги надминуваме законски дозволените лимити
Вести

Марш за почиста животна средина: „Стоп за Усје“ со повик до граѓаните

23/06/2026
Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева
Вести

Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева

23/06/2026
Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи
Вести

Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи

23/06/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи
Вести

Попладне се очекуваат дожд, грмежи и засилен ветер

23/06/2026
Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија
Вести

Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија

22/06/2026
Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен
Вести

Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

22/06/2026
Следна вест
Рецепт за домашен путер: После ова, повеќе нема да јадете путер купен од продавница

Рецепт за домашен путер: После ова, повеќе нема да јадете путер купен од продавница

Најнови вести

ТИТАН Усје:  Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно сите стандарди и не ги надминуваме законски дозволените лимити

Марш за почиста животна средина: „Стоп за Усје“ со повик до граѓаните

23/06/2026
Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева

Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева

23/06/2026
Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи

Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи

23/06/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи

Попладне се очекуваат дожд, грмежи и засилен ветер

23/06/2026
Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија

Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија

22/06/2026
Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

22/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.