Фудбалерите на Милан остварија драматична победа на гостувањето кај Торино, триумфирајќи со 3:2 во рамки на 14. коло од Серија А.
Домашниот тим одлично го започна натпреварот и поведе во 10. минута, кога Никола Влашиќ реализираше пенал за 1:0. Само седум минути подоцна, Влашиќ беше асистент, а Дуван Запата ја затресе мрежата за 2:0 и голема предност на Торино.
Милан успеа да се врати во натпреварот уште пред паузата. Во 24. минута, Адриен Рабио погоди по додавањето од Фикајо Томори и намали на 2:1.
Клучниот момент се случи во второто полувреме, кога во игра влезе Кристијан Пулишиќ. Американецот израмни веќе во 67. минута, само една минута по влегувањето на теренот, а во 77. минута повторно беше прецизен и комплетираше целосен пресврт за конечни 3:2.
Со оваа победа, Милан се искачи на врвот на табелата со 31 бод, колку што има и Наполи, додека Интер заостанува еден бод. Торино останува на 16. позиција со 14 бодови.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












