• Импресум
Thursday, July 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Можат ли препукувањата меѓу скопската и централната власт да го чистат загадениот воздух?

30/12/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Можат ли препукувањата меѓу скопската и централната власт да го чистат загадениот воздух?

Ветерот кој од вчера почна да дува во скопското го подзачисти загадувањето на воздухот. Но ветерот не може да ги зачисти и кавгите меѓу скопската и централната власт околу причините и мерките за почист воздух во Скопје.

Соопштенија – одговори на соопштенија, обвинувања – контра обвунувања… слушаме секој ден.

Препукувањата кои неодамна ги покрена поранешниот скопски градоначалник Шилегов со ироничниот коментар „Go green“ за покаченото загадување во градот, продолжуваат и денеска кога престана да важи бесплатен јавен градски превоз и други итно воведени мерки. Владеачката партија на централно ниво СДСМ преку соопштение и порача на скопската градоначалничка Данела Арсовска дека не може да се бори против загадувањето со укинување мерки.

-Градоначалничката смета дека со мерка која траеше само еден ден како што беше бесплатниот автобуски превоз го решила аерозагадувањето во главниот град. Не постои друго логично објаснување зошто Арсовска ги укинува мерките за спречување на загадувањето на воздухот во Скопје, а нема ниту дополнителни мерки, се вели во соопштението од СДСМ.

Од друга страна, Арсовска неодамна му порача на Шилегов дека „се оставил на ветерот како системска мерка“.

– Скопје има највисока ставка на загадување во Европа, а тој да коментира за нешто четири години има можност, остави сѐ на ветерот како системска мерка.

Таа, на вчерашниот брифинг со новинари, рече дека мерките дале резултат, но дека нема дополнителни мерки бидејќи тие се лимитирани. Таа ги повика институциите да реализираат мерки за подобар квалитет на воздухот.

–Самите услови налагаат дека централната власт треба посериозно да преземе мерки врзани за она коешто го гледаме сега, а коешто е извесен аларм. Ние нашите препораки ги издадовме, нашите препораки се базираат на тоа коешто е утврдено претходно како план, меѓутоа за дел од нив обврски има и централната власт. Ние не можеме голем дел од работите коишто се внатре во препораките да ги направиме, тоа е обврска на централната власт и таа треба тоа да го направи, треба да ја преземе конечно одговорната за тоа што е носител на власт, потенцира Арсовска.

Очигледно, ваквите препукувања со кои вината се префрлува од една на друга страна не запираат. Прашање е само што од тоа е корисно за скопјани? 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале
Вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР
Вести

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?
Вести

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство
Вести

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија
Вести

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната
Вести

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
Следна вест
Академик Коцарев: Се направија предавства, Македонија од заробена стана понижена држава

Академик Коцарев: Се направија предавства, Македонија од заробена стана понижена држава

Најнови вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.