Општина Кисела Вода соопшти дека продолжува реализацијата на проектот за замена на уличното осветлување, со цел подобрување на видливоста и зголемување на енергетската ефикасност на јавните површини. Во моментов, активностите се одвиваат во населбата Пинтија, како дел од втората фаза од проектот, која ги опфаќа и населбите Кисела Вода и Припор.
Досега се заменети повеќе од 2.400 улични светилки во населбите Пржино и Црниче.
Од Општината информираат дека новите ЛЕД светилки овозможуваат значително помала потрошувачка на електрична енергија, имаат 4,2 пати подолг работен век и ќе бидат управувани преку паметен систем за подобра контрола и ефикасност.
Проектот се реализира во пет фази и има за цел да обезбеди побезбедни, модерни и енергетски поефикасни улици низ целата општина.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












