На страницата „Светот на статистика“ е објавен преглед на цените на оброците во евтините ресторани по земји во светот. Најскапа е Швајцарија со просечни 28,99 долари. На другиот крај на листата е Нигерија, каде просечната цена на оброк во евтин ресторан чини 1,48 долари.
Кога зборуваме за нашата земја, таа е на дното на листата, во која се наведува дека просечната цена на оброк во евтин ресторан чини 5,29 долари.
Меѓу најскапите се Данска, Соединетите Американски Држави, Луксембург, Белгија, Норвешка и Велика Британија, каде што ќе треба да потрошите 18 или повеќе долари за просечен оброк во евтин ресторан.
Од балканските земји, за најевтин просечен оброк во Србија ќе платите 7,42 долари, БиХ со просечни 5,01 долари, а во Хрватска и Словенија ќе ве чини просечни 10,84 односно, 10,87 долари.
На дното на листата со најниски просечни цени се Пакистан, Бангладеш, Непал, Индонезија, Виетнам, Алжир, Малезија, Шри Ланка, Тајланд и Боливија, Индија, Кенија, каде просечната цена на оброк во евтин ресторан е околу 3 долари.