• Импресум
Sunday, May 17, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Нека учат од грешките: Имињата на улиците мора да се носат со компромис

30/12/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Град Скопје почна да ги дели решенијата за данок на имот и фирмарина

Промената на имињата на улиците во македонската метропола одново е актуелна. Десет месеци по големата промена која ја направи претходниот состав на Советот на Градот Скопје, кога се усвои голема листа од 570 нови имиња со кои ќе се именуваат  улиците, мостовите, плоштадите и други јавни објекти во Скопје и кога се сменија повеќе имиња, сега целиот процес ќе се враќа на почеток. Мнозинството советници во Градскиот Совет, предводени од ВМРО-ДПМНЕ вчера на дневниот ред ја додадоа и точката за „Одлука за поништување на одлука за определување и промена на имиња на улици, мостови и плоштади на подрачјето на Град Скопје“. Се тврди дека во февруари донесената Одлука била донесена со непочитување на законски процедури, дека содржела низа неправилности и слично, дека фалела документацијата.

Одлуката на синоќешната маратонска седница на Советот на Скопје беше повлечена од дневниот ред, со цел да се врати на доработка. Но, извесно е дека на некоја од наредните седници ќе се врати за усвојување.

И сето тоа пак предизвика поделби, меѓупартиски расправии…

Се случува, она на што „Скопско ехо“ предупреди во февруари годинава по големата промена – дека секоја владеачка гарнитура во Советот на Скопје ќе си ги менува имињата на улиците и други јавни објекти по свој вкус!? Претходното мнозинство предводено од СДСМ се противеше на промените на имињата направени во времето на мандатот на Коце Трајановски, а сега мнозинство предводено со градоначалничката Данела Арсовска се противи на промените направени од страна на Петре Шилегов. Значи, треба да се очекува актуелното мнозинство да определи имиња по свои видувања, на кои потоа ќе се противи актуелната опозиција и која, доколку дојде на власт по четири години пак ќе ги менува.

Значи ли ова дека скопјани на секои четири години ќе бидат сведоци на преименувањата? И така во круг. Се чини сега е крајно време да се воспостави поинаква пракса: таква пракса со која промените на имињата на улиците нема веќе да биде работа само на мнозински советници туку на сите, и на оние од власта и на оние од опозицијата. За ваквите работи мора да се постигнува компромис ако не се сака именувањето на улиците да се претвори во пинг-понг инаетење. А сето тоа ќе биде на штета на граѓаните кои ќе се соочуваат со проблемите.

Да не зборават избраниците – поважно е граѓаните наместо по улиците со нови имиња да одат по нови и реконструирнаи улици, без дупки и пропаднати шахти…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кире Лазаров ја заврши кариерата
Вести

Лазаров: Не е важно кој е најдобар, важно е Македонија да победува

17/05/2026
Тетовец обвинет за узурпација: Заградил државна парцела и ја користел како паркинг
Вести

Инцидент во Битола: Возач удрил жена, па физички ја нападнал

17/05/2026
Возбудлив финиш во Винтертур: Македонија и Швајцарија одиграа 29:29
Вести

Фуриозна Македонија пред полни трибини ја растури Словачка

17/05/2026
Вести

17/05/2026
Бруно Фернандеш испиша историја, Манчестер Јунајтед до нов триумф
Вести

Бруно Фернандеш испиша историја, Манчестер Јунајтед до нов триумф

17/05/2026
БЈБ и семејствата на загинатите припадници со заедничка порака: Хероите не се забораваат
Вести

БЈБ и семејствата на загинатите припадници со заедничка порака: Хероите не се забораваат

17/05/2026
Следна вест
Можат ли препукувањата меѓу скопската и централната власт да го чистат загадениот воздух?

Можат ли препукувањата меѓу скопската и централната власт да го чистат загадениот воздух?

Најнови вести

Кире Лазаров ја заврши кариерата

Лазаров: Не е важно кој е најдобар, важно е Македонија да победува

17/05/2026
Тетовец обвинет за узурпација: Заградил државна парцела и ја користел како паркинг

Инцидент во Битола: Возач удрил жена, па физички ја нападнал

17/05/2026
Возбудлив финиш во Винтертур: Македонија и Швајцарија одиграа 29:29

Фуриозна Македонија пред полни трибини ја растури Словачка

17/05/2026

17/05/2026
Бруно Фернандеш испиша историја, Манчестер Јунајтед до нов триумф

Бруно Фернандеш испиша историја, Манчестер Јунајтед до нов триумф

17/05/2026
БЈБ и семејствата на загинатите припадници со заедничка порака: Хероите не се забораваат

БЈБ и семејствата на загинатите припадници со заедничка порака: Хероите не се забораваат

17/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.