• Импресум
Monday, July 13, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Обвинителството: Ѓоко Ристов криел 350.000 евра во ѕидови и не ги пријавил

28/05/2026
A A
Нема барање за притвор: Истрагата против судијата Ристов продолжува

Со воведни зборови на обвинителството и одбраната денеска во Кривичниот суд официјално започна судскиот процес против апелациониот судија Ѓоко Ристов, поврзан со случајот во кој беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид во семејна куќа во Неготино.

Судењето го отвори судијката Билјана Коцевска од Одделот за организиран криминал, по што странките ги изнесоа своите ставови и аргументи пред судот.

Обвинителката Искра Хаџи Василева посочи дека обвинителството ќе докажува оти Ристов свесно постапувал спротивно на законските обврски како судија и давал неточни податоци за својот имот.

Според обвинението, тој не пријавил имот и средства во висина од околу 350.000 евра, што значително ги надминувале неговите законски приходи. Обвинителството тврди дека средствата биле сокриени во шуплини во ѕидови, зад плочки и кујнски елементи, завиткани во фолии и во банкноти од 500 и 200 евра.

„Ќе ја докажеме неговата намера за прикривање и давање лажни податоци. Не постои законска основа за потеклото на тие средства“, истакна обвинителката.

Таа додаде дека постојат сомнежи оти парите потекнуваат од трговија со влијание, а како дел од случајот беше споменат и стан во скопската населба Карпош кој, според обвинението, исто така не бил пријавен.

Откако беше прашан од судот, Ристов изјави дека не се чувствува виновен за делата што му се ставаат на товар.

„Не се чувствувам виновен ниту за едно од обвиненијата“, рече Ристов пред судот.

Неговиот адвокат Ѕвонко Давидовиќ оцени дека обвинението се темели на претпоставки и медиумски конструкции, а не на конкретни докази.

„Ова повеќе наликува на сценарио отколку на сериозен правен предмет. Нема доказ што директно го поврзува мојот клиент со кривичните дела“, изјави Давидовиќ.

Според одбраната, средствата биле легално стекнати од семејството на обвинетиот.

Во истрагата, истражителите неколкупати ја претресувале куќата во Неготино, а при дополнителна проверка бил откриен скриен простор во ѕидот каде што биле пронајдени парите.

Случајот доби дополнително внимание откако претходно беше уапсен адвокатот Фехмо Стафа, кој беше фатен при примање 50.000 евра. Според истрагата, тој во својот исказ навел дека средствата биле наменети за влијание врз апелационен судија.

Обвинителството тврди дека Ристов во подолг временски период не пријавувал имот кој значително ги надминува неговите приходи и дека постојат елементи за кривични дела поврзани со перење пари и прикривање имот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор
Вести

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор

12/07/2026
Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон
Вести

Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Семејна расправија заврши со повреден маж во скопски Аеродром

12/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ: Нема да учествуваме на координативната средба

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Вандализам во Виница: Училиштето најави кривична постапка по снимките од видеонадзорот

12/07/2026
Женската штафета донесе сребро и го урна рекордот стар 27 години
Вести

Женската штафета донесе сребро и го урна рекордот стар 27 години

12/07/2026
Следна вест
Левица: Наместо отчет пред лозарите – Мицкоски во увид на најскапиот тендер во Кавадарци

Левица ќе бара одговорност од Тошковски: Интерпелацијата содржи 17 точки

Најнови вести

Играчите на Реал Мадрид постигнаа најмногу голови во историјата на Мундијалите

Играчите на Реал Мадрид постигнаа најмногу голови во историјата на Мундијалите

12/07/2026
Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор

12/07/2026
Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон

Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Семејна расправија заврши со повреден маж во скопски Аеродром

12/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: Нема да учествуваме на координативната средба

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Вандализам во Виница: Училиштето најави кривична постапка по снимките од видеонадзорот

12/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.