Сообраќајот на Граничниот премин Богородица кон Република Грција е повторно воспоставен и се одвива без прекини.
Претходно, преминот беше блокиран поради штрајк и протести на земјоделците од грчка страна, што предизвика целосен застој во движењето на возилата. Од 21:00 часот, блокадата е тргната и преминот функционира нормално.
И покрај тоа, најавено е дека протестите на земјоделците ќе продолжат и во наредните денови, што може повторно да влијае врз сообраќајот кон Грција.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












