• Импресум
Thursday, July 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

По каква математика на Грција и било кажано дека со пасошите ќе се заврши до 12 февруари?

31/01/2024
Време за читање: 1 минути
A A
По каква математика на Грција и било кажано дека со пасошите ќе се заврши до 12 февруари?

На наметнатото менување на личните документи сега се наметна и неизвесност – како огромен дел од македонските граѓани ќе патуваат во странство по 12 февруари? Не постои можност тие да ги сменат личните документи до тој рок и за тоа немаат вина.

Долгите редици, чекањето со часови и часови, нервои, понижувањата на граѓаните… ќе продолжат пред пунктовите на МВР. Сето ова можело да се одбегне доколку имало подобро планирање на целиот процес. 

Но, тие што биле одговорни, почнувајќи од доскорешниот министер за внатрешни работи, па до други функционери надлежни за замената, цело време тврдеа дека процесот на замената оди добро и дека до 12-ти февруари тој ќе биде и успешно завршен. Такви трвдења дури им биле кажувани и на грчката амбасадорка во земјава, а што покажува дека поради тоа уште пред повеќе месеци воопшто и не се размислувало да се побара согласност од Грција за продолжувањето на рокот за замената. Така, новиот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа откри дека грчка амбасадорка отворено му кажала дека и било кажувано дека „нема да има проблеми со рокот“.   

-Од страна на амбасадорката ми беше соопштено дека од страна на нашите институции во повеќе наврати е наговестено дека нема да го имаме овој проблем којшто го имаме, дека нема да го имаме овој хаос кој се случува и е факт дека е секојдневие и дека ќе се ублажела постапката на издавање на пасоши во иднина заради тоа што веќе се издале еден милион и двеста и педесет илјади. Ама што правиме со останатите еден милион и двеста и педесет илјади што треба да се издадат?, рече Тошковски зборувајќи за својата вчерашна средба со грчката амбасадорка Софија Филипиду.

А дека било така, дека такви убедувања добиваше и македонската јавност доволно е да се видат изјавите кои уште во средина на минатата година ги даваше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

–Досега документи со името Северна Македонија извадиле околу еден милион граѓани. Според динамиката што ја имаме, успешно ќе се завршат сите промените на личните документи во предвидениот рок. Многу помогна тоа што за првпат имаме базни станици во дипломатско-конзуларните претставништва. Наредниве денови имаме одредени предлози кои што ќе помогнат во релаксирање на целиот тој систем, изјавуваше во август лани министерот за внатрешни работи Спасовски.

Но, уште тогаш многумина добронамерници и два – три медиуми, кои не се гребатори на власта, предупредуваа дека менувањето на личните документи нема да може да заврши до 12 февруари. Но, во МВР и Владата беа глуви.

Дури по неколку месеци од полицијата решија да отворат пункт без закажување, да се работи во саботите и неделите…, но сето тоа, очигледно, не е доволно и беше задоцнето.

Да поeдноставиме: До сега се сменети само 1,25 милион пасоши. А се проценува дека македонски патни исправи имаат околу 2,5 милиони граѓани сосе оние во дијаспората. Сами пресметајте колку луѓе по две недели не ќе може да патуваат никаде во странство. За нивна промена ако нешто радикално не се преземе ќе требаат месеци и месеци.

Сето ова можеше да се одбегне доколку имаше подобро планирање, а не на јавноста, па дури и на Грција, да и се кажува дека се си тече според планот.

Чудна математика и логика имало претходното раководство на МВР. Резултатот ќе го платат граѓаните.

По каква математика на Грција и било кажано дека со пасошите ќе се заврши до 12 февруари?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Итно предупредување во Валандово: Не ја пијте водата од градскиот водовод

22/07/2026
Калил ал-Хаја го наследи Јахја Синвар на чело на Хамас
Вести

Калил ал-Хаја го наследи Јахја Синвар на чело на Хамас

20/07/2026
Гостивар пред епидемија: Институтот за јавно здравје со итен апел до граѓаните
Вести

Гостивар ја чека вистината: Денеска ќе бидат познати анализите на водата

20/07/2026
Застрашувачки вести од трагедијата во Велес: Откриени нови ДЕТАЛИ – сите во шок
Вести

Трагедија кај Блаце: Тројца државјани на Косово пронајдени мртви во превртен автомобил

20/07/2026
Гостивар пред епидемија: Институтот за јавно здравје со итен апел до граѓаните
Вести

Гостивар пред епидемија: Институтот за јавно здравје со итен апел до граѓаните

19/07/2026
Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција
Вести

Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција

19/07/2026
Следна вест
Имале визија, имале знаење: Пред 79 години основан Македонскиот народен театар

Имале визија, имале знаење: Пред 79 години основан Македонскиот народен театар

Најнови вести

Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал

Пожарот во Франција зафати 2.000 хектари, евакуирани речиси 12.000 луѓе

23/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

УХМР: Топол ден пред новата промена на времето

23/07/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.