Пронајдено е починато бебе во дом во општина Шуто Оризари. Случајот бил пријавен во 08:00 часот во СВР Скопје од екипа на Итната медицинска помош, која интервенирала по повик од соседите, но, за жал, не успеала да го реанимира новороденчето. Лекарите на лице место констатирале смрт.
Според првичниот преглед, на телото на бебето немало видливи траги на насилство. Како што се наведува во билтенот на Министерство за внатрешни работи, полицијата извршила увид на местото на настанот.
И покрај тоа што не се утврдени знаци на насилство, по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта. Од Основно јавно обвинителство за ТВ 24 информираат дека се собираат сите релевантни докази и дека ќе се почекаат резултатите од обдукцијата.
„Обдукцискиот наод сѐ уште не е доставен до Обвинителството“, велат оттаму.
Институциите продолжуваат со постапување и преземање дејствија за целосно расветлување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












