Педесет и седумгодишен маж од Тетово е лишен од слобода откако подолг временски период вознемирувал 18-годишна девојка, која ја следел и ја снимал со мобилен телефон.
Како што информира полицијата, завчера околу 12:10 часот на улицата „Јадранска“, полициски службеници го уапсиле Е.И. (57), по претходна пријава поднесена од оштетената. Во пријавата било наведено дека осомничениот постојано ја следел девојката, ја вознемирувал и ја снимал без нејзина дозвола.
Од СВР Тетово соопштуваат дека по целосно документирање на случајот, против мажот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












