Петнаесетгодишник од Скопје со тешки телесни повреди бил примен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, откако претходно бил физички нападнат во обложувалница.
Според информациите од полицијата, настанот се случил околу 00:30 часот, а за нападот е осомничен 18-годишниот Л.В. од Скопје. Случајот бил пријавен во Полициската станица Кисела Вода утрово во 06:31 часот од страна на медицинскиот персонал.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












