• Импресум
Monday, July 13, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Пожар по судир на обиколницата: Загинаа Ристе Велков и неговиот 20-годишен син

22/05/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Пожар по судир на обиколницата: Загинаа Ристе Велков и неговиот 20-годишен син

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи на скопската обиколница, меѓу четирите жртви се и баритонот на Македонската опера и балет, Ристе Велков, и неговиот 20-годишен син Адам Велков. Велков беше оперски солист и еден од водечките македонски баритони со богата уметничка кариера.

Познат е идентитетот на уште една жртва – Петар Миланов (20) од Скопје, додека се работи на идентификација на четвртото починато лице.

Во текот на својата кариера, Велков има реализирано 26 оперски улоги и настапувал во повеќе од 15 водечки роли во дела како „Набуко“, „Риголето“, „Магбет“ и „Травијата“, со што остави значаен белег во македонската оперска сцена.

Според информациите од МВР, несреќата се случила синоќа во 23:00 часот на делницата меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци. Товарно возило „ман“ со косовски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Б.Б. од Косово, изгубило контрола, ја пробило заштитната ограда и навлегло во спротивната насока на автопатот, каде што директно се судрило со патничко возило „БМВ“ со скопски таблички, управувано од Ристе Велков (51).

По силниот судир избувнал пожар во двете возила, при што автомобилот и кабината на камионот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Сите лица кои се наоѓале во патничкото возило починале на лице место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телата на жртвите се дадени на обдукција.

Возачот на камионот е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а истрагата за причините за несреќата е во тек.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор
Вести

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор

12/07/2026
Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон
Вести

Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Семејна расправија заврши со повреден маж во скопски Аеродром

12/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ: Нема да учествуваме на координативната средба

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Вандализам во Виница: Училиштето најави кривична постапка по снимките од видеонадзорот

12/07/2026
Женската штафета донесе сребро и го урна рекордот стар 27 години
Вести

Женската штафета донесе сребро и го урна рекордот стар 27 години

12/07/2026
Следна вест
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Нови тензии во НАТО: САД распоредуваат дополнителни сили во Полска

Најнови вести

Играчите на Реал Мадрид постигнаа најмногу голови во историјата на Мундијалите

Играчите на Реал Мадрид постигнаа најмногу голови во историјата на Мундијалите

12/07/2026
Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор

12/07/2026
Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон

Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Семејна расправија заврши со повреден маж во скопски Аеродром

12/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: Нема да учествуваме на координативната средба

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Вандализам во Виница: Училиштето најави кривична постапка по снимките од видеонадзорот

12/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.