Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информираше дека е лишен од слобода албански државјанин осомничен за кривичното дело „изнуда“.
На 5 јануари 2026 година, во 15:50 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор и граничен премин Блато го лишиле од слобода А.Г. (28) од Булгиза, Република Албанија. Тој се сомничи дека е сторител на кривичното дело „изнуда“ и е пренесен и задржан во ОВР Дебар за понатамошна постапка.
Димоски информираше и за друг настан што се случил истиот ден. Имено, во 15:20 часот, во патничко возило „пасат“ со дебарски регистарски ознаки, кое се наоѓало во колона за влез во државата на граничниот премин Ќафасан, избувнал пожар.
Во инцидентот нема повредени лица. Возилото, сопственост на Ф.Ф. (34) од Дебар, било веднаш отстрането од колоната, а со употреба на противпожарен апарат било спречено понатамошно ширење на пожарот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












