• Импресум
Saturday, May 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ПРАТЕНИЦИТЕ ДА НЕ БРЗААТ: Да не прават краток спој во енергетиката на Македонија

07/02/2024
Време за читање: 1 минути
A A
ПРАТЕНИЦИТЕ ДА НЕ БРЗААТ: Да не прават краток спој во енергетиката на Македонија

Изборите се скоро пристигнати, ама власта уште сака да се бави со “купи – продај“ политика, наместо со подготовка за изборниот процес. Во 5 до 12 им текна да ја граделе енергетската инфраструктура на Македонија. Пардон, не да ја градат, туку да дадат странци да ја градат со наша обилна помош и потоа да си ја управуваат, а нам граѓаните да ни наплаќаат за тоа.

Да се затворела гасната централа „Те То“ во Скопје во време на енергетска криза, оти била руска инвестиција, а Грци да граделе нова, на кои ние ќе им дадеме 50 милиони евра, а ќе си остане капитал на странците. Тоа е на кратко замислата на власта.

Денеска за ова ќе се изјаснуваат пратениците во македонскиот парламент како дел од пакетот од неколку предложени закони кои се однесуваат на четири стратешки енергетски инвестиции во земјава вредни 786 милиони евра. Одлуката е поврзана со договорот со грчката фирма „Митилинеос“ која треба да изгради гасна централа на подрачјето на поранешната скопска „Железарница“ каде таа ќе добие евтино државно земјиште, ќе добијат 50 милиони евра државна помош, ќе добијат банкарски гаранции, а како награда за тоа ЕСМ (читај Македонија) ќе биде обврзана да ја купува енергијата која Грците ќе ја произведат по цена…

Експертите веќе предупредија дека договорот, како и оној што беше за ХЕЦ „Чебрен“ е крајно неповолен и дека грчката фирма ќе заработи многу, а државата малку или речиси ништо иако многу ќе вложи.

Затоа, пратениците добро да отворат очи. Македонија не смее да си дозволи нови договори со кои само си наметнува баснословни обврски. Да помислат и дека енергетската самостојност е многу важна за секоја нормална држава.

Ова е само еден од спорните делови на замислата. Вториот е врзан за одлуката да се затвори гасната централа „Те То“. Владините претставници на вчерашниот брифинг ги дадоа аргументите за тоа. Вицепремиерот Фатмир Битиќи рече дека причината е во тоа што „таа е руска инвестиција“, што нејзините сопственици „во периодот на енергетската криза уценувале со цената на произведената енергија“, што „наскоро ќе се гради гасоводот кон Грција и веќе нема да им потреба по неа“…!?  

Како тоа да се затвори енергетски капацитет во време на општа енергетска криза во светот? Зарем сериозно размислуваат дека треба да се стави клуч на готов, функционален и значаен енергетски објект кој, иако е во приватна сопственост, сепак е значаен за државата во секогаш чувствителниот, енергетски сектор?

Инаку, зошто Македонија не си го гради самата тој нов енергетски објект? По изнесеново се гледа дека не се во прашање огромни суми? Се споменува дека би чинел не повеќе од 290 милиони евра. Зарем државата нема да издвојува во наредните години барем по 30 милиони и сама да го изгради?

Владините претставници велат дека немало пари во буџетот оти потрошиле 400 милиони евра за справување со енергетската криза во изминативе неколку години. Добро, а како ќе најдат 50 милиона за да се дадат на странската фирма и плус пари за пристапни патишта, за…? 

И на крај: каде се потрошија силините пари од буџетите кои минативе години се броеја во милијарди евра?

Да повториме: Пратениците не треба да брзаат со одлука. Ова е важно и чуствително прашање кое не се решава на брзинка и пред избори.

ПРАТЕНИЦИТЕ ДА НЕ БРЗААТ: Да не прават краток спој во енергетиката на Македонија
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

13 годишно момче со електричен тротинет тешко повредено во сообраќајка
Вести

Украден тротинет брзо пронајден, приведен 26-годишник од Тетово

22/05/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград
Вести

САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

22/05/2026
Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
Вести

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

22/05/2026
Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!
Вести

Стоп за тендерот за електрични автобуси и полначи, следува нова постапка

22/05/2026
Маж приведен откако направил хаос во казино
Вести

Несекојдневен обид во затворот Идризово: Во 28 јајца откриени дрога и кокаин

22/05/2026
Во Скопје казнет 151 возач
Вести

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
Следна вест
Расколот ескалира: Крилото на Села сака да предложи нови министри на местото на досегашните од АА

Расколот ескалира: Крилото на Села сака да предложи нови министри на местото на досегашните од АА

Најнови вести

13 годишно момче со електричен тротинет тешко повредено во сообраќајка

Украден тротинет брзо пронајден, приведен 26-годишник од Тетово

22/05/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

22/05/2026
Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

22/05/2026
Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!

Стоп за тендерот за електрични автобуси и полначи, следува нова постапка

22/05/2026
Маж приведен откако направил хаос во казино

Несекојдневен обид во затворот Идризово: Во 28 јајца откриени дрога и кокаин

22/05/2026
Во Скопје казнет 151 возач

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.