• Импресум
Sunday, July 12, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Семејната фирма на Цанде зема речиси три милиони евра од буџетот, вели Стоилковски

15/10/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Семејната фирма на Цанде зема речиси три милиони евра од буџетот, вели Стоилковски

Семејната фирма на Александар Филиповски- Цанде, кандидатот на СДСМ за Аеродром, од буџетот зема речиси три милиони евра! Три милиони евра од буџетот за фирма на кандидатот на СДСМ за Аеродром.

На два дена пред крајот на кампањата медиумите објавија за набавка вредна 2.9 милиони евра набавка од ЈП „Македонија пат“ на возила за чистење снег од „Технокомерц“, семејна фирма на Александар Филиповски – Цанде, изјави на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој посочи дека ова дава точен показател за улогата и идејата што сака СДСМ да продолжи да прави во Аеродром и насекаде низ Македонија, бизниси за семејни фирми со пари од јавниот буџет!

– Тоа е СДСМ тоа е таа матрица која што не се менува! Со СДСМ нема друго, со Цанде не може поинаку, нема кандидат од СДСМ што не знае подруго од ставање раце во јавниот буџет! Та нели Заев избира луѓе што личат на него! ЈП „Македонија пат“ купува возила за чистење снег од семејната фирма на Филиповски – Цанде, кандидатот на СДСМ за Аеродром,„Технокомерц“.Сумата е 177 милиони денари 2,9 милиони евра! „Македонија пат“ соопштува дека набавката е направена „по подолг период“, а нема одговор зошто сега, кога Филиповски е во кампања. Според информациите, парите на „Македонија пат“ и се пуштени од Владата, од ланскиот буџет, а набавката е направена без електронска аукција. Добиени биле две понуди со иста вредност, ама одбрана е фирмата на Филиповски. Фирма во рацете на лица – политичари од транзицијата, татко и чичко на Цанде, пари од буџетот за семејната фирма каде стои потписот на братучед на Цанде Филиповски, појасни Стоилковски.

Портпароло додаде дека се даваат пари од буџетот, на сметка на Филиповски, а тој тера кампања.

– СДСМ ви го нуди Цанде, којшто во очи на избори од буџетот на семејна фирма му легнуваат речиси 3 милиони евра! Всушност Цанде Филиповски добил 3 милиони евра за да финансира кампања! Поинава логика нема. Прашањето е, што се Цанде Филиповски треба да направи за да се оддолжи на спонзорите? СДСМ го опустоши Аеродром четири години, скандалозните тендери и набавки ја згрозија јавноста, како онаа набавка од 300 евра за метар даска. Ова не е ништо поразлично од скандалот во Битола, со договорите со РЕК Битола, ова не е ништо поразлично од било каде во Македонија и кандидатите на СДСМ, додава Стоилковски.

Тој е убеден дека нема полошо од СДСМ, ниту за Аеродром, нема полошо од СДСМ за било каде во Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген
Вести

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген

11/07/2026
Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка
Спорт

Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка

11/07/2026
Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп
Вести

Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп

11/07/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија
Вести

Приведен 36-годишник по кражба во маркет во Гостивар

11/07/2026
Конгресот на СДСМ се одложи, општинските организации ќе го разгледуваат извештајот
Вести

СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

11/07/2026
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка партија
Вести

Мицкоски: Ние сме најнапредна земја во спроведување на реформи, уставните измени не се реформа

11/07/2026
Следна вест
Зоре Темелковски: Ако Орце обвинува за провизии нека се погледне самиот

Зоре Темелковски: Ако Орце обвинува за провизии нека се погледне самиот

Најнови вести

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген

11/07/2026
Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка

Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка

11/07/2026
Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп

Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп

11/07/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија

Приведен 36-годишник по кражба во маркет во Гостивар

11/07/2026
Конгресот на СДСМ се одложи, општинските организации ќе го разгледуваат извештајот

СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

11/07/2026
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка партија

Мицкоски: Ние сме најнапредна земја во спроведување на реформи, уставните измени не се реформа

11/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.