ФК Вардар официјално потврди дека ги продолжува договорите со македонските репрезентативци Дарко Велковски и Бобан Николов, двајца од најважните фудбалери во актуелниот шампионски состав.
Дарко Велковски стави потпис на нов договор со важност до 30 јуни 2027 година, со што неговата соработка со „црвено-црните“ е продолжена за уште една сезона.
Во меѓувреме, Бобан Николов се обврза на долгорочна верност кон клубот и потпиша нов договор до 30 јуни 2029 година.
Продолжувањето на соработката со двајцата искусни репрезентативци претставува значајно засилување за амбициите на Вардар во претстојната сезона, особено во пресрет на европските настапи и новите предизвици под водство на тренерот Кристијан Фабијани.
Од клубот уште утринава ја објавија веста, која беше пречекана со задоволство кај навивачите, со оглед на важната улога што Велковски и Николов ја имаа во освојувањето на шампионската титула.
Вардар вчера и о
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












