ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати обвинувања кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека тој и неговата партија дејствуваат „во служба на бугарската агенда“ и соработуваат со лица кои, според нив, го негираат македонскиот идентитет.
Во соопштението се наведува дека Филипче, преку Рубин Земон, бил во контакт и соработка со Виктор Стојанов, за кого ВМРО-ДПМНЕ тврди дека јавно изнесува ставови со кои се негира македонскиот јазик, историја и култура.
Од партијата посочуваат дека Стојанов промовирал теза дека Македонците и Бугарите се еден народ, што тие го оценуваат како навредливо за македонскиот идентитет и државност.
ВМРО-ДПМНЕ во соопштението го обвинува Филипче и дека е „најгласен промотор на бугарските политики“ во земјата, повикувајќи се на неговите ставови околу внесувањето на Бугарите во Уставот како услов за напредок во евроинтегративниот процес.
Партијата заклучува дека ваквите политики се штетни за државните интереси и дека националните прашања мора да бидат над политичките калкулации.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












