Македонија денеска ја очекува претежно сончево и многу топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе бидат високи во поголемиот дел од земјата.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 29 до 37 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу 14 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во следните денови ќе продолжи периодот на претежно стабилно и топло време. Ќе дува умерен, а на одделни места повремено засилен ветер од северен правец. За утре се најавува локален развој на нестабилна облачност, со услови за пороен дожд и грмежи во поединечни делови од земјата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












