Обилни снежни врнежи ја парализираа Москва, каде што во текот на денот се очекува значително зголемување на снежната покривка. Според најавите на Руски хидрометеоролошки центар, снегот би можел да достигне висина од 15 до 20 сантиметри, што е блиску до рекордните вредности измерени во 1956 година.
Метеоролозите предупредуваат дека дневната количина на врнежи најверојатно ќе го надмине рекордот од 1976 година, кога биле измерени 12,9 милиметри, а под закана е и јануарскиот максимум од 23 милиметри регистриран во 1970 година. Како главна причина за екстремното време се наведува силен средоземски циклон кој донесе нестабилни и интензивни зимски услови над руската престолнина.
Невремето веќе сериозно го наруши воздушниот сообраќај. Од Росавијација информираа дека на московските аеродроми се откажани 11 летови, додека уште 48 летови бележат доцнење подолго од два часа.
Надлежните служби апелираат граѓаните да бидат особено внимателни во сообраќајот, додека комуналните екипи се на терен и работат на расчистување на улиците и одржување на критичната инфраструктура. Според најавите, снежните врнежи би можеле да продолжат и во наредните часови.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












