Најстудено утрово беше на Попова Шапка, каде што во 8:30 часот беа измерени -8 степени Целзиусови.
Ниски температури беа регистрирани и во останатите делови од земјата. Во Крушево и Маврово утринската температура изнесуваше -5 степени, додека во Куманово беше измерена -2, а во Крива Паланка, Берово и Виница -1 степен. Во повеќе градови, меѓу кои Скопје, Тетово, Охрид, Штип, Битола, Прилеп и Струмица, температурата беше околу нулата.
Најмногу врнежи од дожд во изминатите 24 часа се измерени во Маврово – 39 литри на квадратен метар. Потоа следуваат Пожаране со 26, Охрид со 25, Крушево со 24 и Тетово со 17 литри на метар квадратен.
Најголема снежна покривка има на Попова Шапка – 31 сантиметар. Во Крушево снежната покривка изнесува 14 сантиметри, а во Охрид 5 сантиметри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Претпладне се очекуваат повремени локални врнежи од снег, додека попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната дневна температура ќе се движи од -1 до 5 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено, со повремен слаб снег во претпладневните часови. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












