• Импресум
Friday, July 24, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Уставниот суд ќе ја разгледува Одлуката на Владата за утврдување на бројот на членовите на советите на општините

24/09/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Доделување на државната награда „8 Септември“ за 2025 година

Уставниот суд на денешната 20. седница ќе ги разгледува предметите за Одлуката на Владата со која се утврдува бројот на членовите на советите на општините.

За оваа точка се поднесени три инцијативи. Првата е поднесена од Скендер Реџепи кој наведува дека оспорената одлука создава правна несигурност, бидејќи според него, Владата без законско овластување ја донела Одлуката со која е утврден бројот на членовите на советите во општините. Во иницијативата е наведено дека Владата нема законско овластување за вакви одлуки и бројот на членовите којшто е определен со оспорената Одлука е различен од начинот предвиден во членот 34 од Законот за локална самоуправа. Се наведува дека Одлуката не содржи податоци врз основа на кои е определен бројот на членовите на советите, што истата ја прави нејасна и спротивна на член 9 алинеја 3 од Уставот.

Втората иницијатива е поднесена од Ќенан Алија кој тврди дека оспорената Одлука е во спротивност со член 8 алинеја 3 и член 51 од Уставот, како и со членови од Законот за локална самоуправа. Се наведува дека извршната власт не може да го одредува бројот на членови во советот на општините спротивно од официјалните податоци добиени од Пописот во 2021 година.

Подносители на третата иницијатива се Блерим Беџети, координатор на пратеничката група „Европски фронт” и Сали Мурати, пратеник на пратеничката група „Европски фронт”. Во неа меѓудругото се наведува дека со оспорената одлука се повредува член 34 од Законот за локалната самоуправа, бидејќи според тврдењата се дава овластување на Владата да го уреди бројот на членовите на советот на општината. Според подносителите, член 36 став 3 од Законот за Владата овозможува да се донесат одлуки за да се спроведат законите, но не и да се носат одлуки кои се базирани на правно спорни или укинати методологии. За ова како аргумент ја наведуваат одлуката на Уставниот суд У.бр.251/2025 со која Судот укина делови од Методологијата за спроведување на пописот во 2021 година. Се наведува дека фактот со кој што Уставниот суд ги укинал спорните делови од Методологијата е од фундаментално значење за правна оценка на сега оспорената Одлука на Владата, бидејќи таа е основана на укинатите методолошки основи, односно на податоците од категоријата „резидентно население” според Пописот од 2021 година.

Уставниот суд на денешната седница ќе го разгледува и барањето на новинарката Наташа Стојановска, поднесено преку адвокатот Филип Медарски, со кое се оспорува Пресуда 3 П4-240/22 од 15.06.2022 година на Основен граѓански суд Скопје и Пресудата ГЖ-3340/22 од 19.12.2024 на Апелационен суд Скопје.

Подносителката во барањето наведува дека нејзиното тужбено барање во делот на повредата на слободата на изразување е одбиено како неосновано од страна на двата суда преку донесување на пресудите, кои се однесуваат на настан случен на 27 април 2017 година во Собранието. Подносителката како акредитирана новинарка била присутна тој ден во Собранието за да известува за Телевизија 24, не само што била спречена да известува од критичниот настан, наведува дека била и нападната, по што за остварување на своите права после настанот отворила судски постапки против државата, поради фактот дека не ја заштитила безбедноста на новинарите при извршувањето на нивните задачи, во смисла на членот 10 од Европската конвенција за човекови слободи и права. Судовите го одбиле нејзиното барање за надомест на штета поради слободата на изразување, како неосновано.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии
Вести

Новата влада во Будимпешта ќе истражува можни злоупотреби со заемот за Македонија

24/07/2026
Браво ја совлада Шкендија, реваншот во Скопје ќе го реши патникот понатаму
Вести

Браво ја совлада Шкендија, реваншот во Скопје ќе го реши патникот понатаму

24/07/2026
Хаос во Албанија поради проектот на зетот на Трамп, ескалираа протестите
Вести

Хаос во Албанија поради проектот на зетот на Трамп, ескалираа протестите

24/07/2026
Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал
Вести

Огнената стихија пустоши во Франција: Илјадници жители и туристи ја напуштија областа

24/07/2026
Зулфиќар Зејнула пред избор за министер без ресор
Вести

Зулфиќар Зејнула пред избор за министер без ресор

24/07/2026
Врне дожд во цела Македонија: На Попова Шапка наврнало 55 литри дожд
Вести

Освежување по топлотниот бран: Пороен дожд и ветер во делови од земјата

24/07/2026
Следна вест
Концерт во Прилеп во рамки на караванот „Македонијо во срце те носиме“

Концерт во Прилеп во рамки на караванот „Македонијо во срце те носиме“

Најнови вести

Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии

Новата влада во Будимпешта ќе истражува можни злоупотреби со заемот за Македонија

24/07/2026
Браво ја совлада Шкендија, реваншот во Скопје ќе го реши патникот понатаму

Браво ја совлада Шкендија, реваншот во Скопје ќе го реши патникот понатаму

24/07/2026
Хаос во Албанија поради проектот на зетот на Трамп, ескалираа протестите

Хаос во Албанија поради проектот на зетот на Трамп, ескалираа протестите

24/07/2026
Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал

Огнената стихија пустоши во Франција: Илјадници жители и туристи ја напуштија областа

24/07/2026
Зулфиќар Зејнула пред избор за министер без ресор

Зулфиќар Зејнула пред избор за министер без ресор

24/07/2026
Врне дожд во цела Македонија: На Попова Шапка наврнало 55 литри дожд

Освежување по топлотниот бран: Пороен дожд и ветер во делови од земјата

24/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.