• Импресум
Monday, July 20, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Ужасна приказна од Топанско Поле: Старец починал откако го прегазила кола, го ограбиле и го оставиле во слепа улица

27/05/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Ужасна приказна од Топанско Поле: Старец починал откако го прегазила кола, го ограбиле и го оставиле во слепа улица

70-годишниот Ахмед Кокица пред две недели излегол од работа на пат кон дома и бил прегазен од автомобил на крстосница во скопската населба Топанско поле. Според членовите на семејството, со кои разговараше новинар на Алсат, луѓето кои биле во автомобилот, наместо да му укажат помош и да го однесат во болница, го ограбиле старецот и го оставиле во слепа улица. Тој паднал во кома и починал по неколку дена.

Ахмед работел во еден угостителски објект до 22 часот и тргнал кон дома, но ноќта на 12 мај не се вратил. Роднините не можеле да го добијат на мобилниот телефон зашто виновниците веројатно го фрлиле.

„Според првите информации на докторката тој ден кога отидовме во болницата, кажувајќи ни го случајот, таа рече дека починатиот бил прегазен на пешачки премин. Сомнежите се дека го прегазиле, го зеле и го фрлиле во слепата улица,“ изјави за Алсат неговиот роднина Шемун Амети.

Во потрага по траги, земени биле снимките од безбедносните камери од околината каде се случила несреќата и од куќите на патот каде што бил фрлен. Но, надлежните не даваат информации дали возилото е идентификувано. Јавното обвинителство отвори предистражна постапка и соопшти дека се во почетна фаза на случајот.

Од МВР велат дека случајот во полиција бил пријавен околу два часот по полноќ. По доаѓањето на местото на настанот го нашле Ахмет со тешки телесни повреди и речиси без знаци на живот. Го однеле во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

„Во разговор со медицинскиот персонал на Клиниката за токсикологија изјавил дека се здобил со повреди од удар на возило. Полициски службеници од единицата за сообраќајни незгоди при СВР Скопје извршиле разговор со медицинскиот персонал, по што бил известен Јавен обвинител кој дал упатства за понатамошно постапување. СВР Скопје работи на расчистување на случајот.“ истакна од МВР

Роднините ангажирале и адвокат, бидејќи се сомневаат дека има обиди настанот да се забошоти. Тие бараат итно да се откријат виновниците.

„Има сомневања дека оние кои го прегазиле го фрлиле и му ги зеле парите, чантата, телефонот и сакале да го сокријат случајот. Сега велат дека имал шише во џебот, сега не разбирам. Ем го удрило возило, ем шишето не се скршило, а сè друго зеле. Немам друг коментар,“ изјави неговот роднина Шемун Амети.

Според извештајот од Судска медицина, обдукцијата покажала дека Ахмед Кокица имал траги од силни удари од страната на половината со скршени ребра и пршлени. Од здобиените повреди на виталните органи паднал во кома сè до 18 мај, кога починал во болницата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: Продолжува силната поддршка за инфраструктурниот развој на Велес
Вести

Николоски: Продолжува силната поддршка за инфраструктурниот развој на Велес

20/07/2026
Протест на Независниот синдикат на здравствени работници пред МЗ
Вести

Забележано е почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, информираат од МЗ

20/07/2026
Ох, пак со нов закон ќе го штитат Охрид од градежно насилство
Вести

Засилени контроли на улиците и патиштата во Охрид за време на високата посета

20/07/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар
Вести

ЦУК: Активен пожар во Старо Нагоричане, пет се изгаснати

20/07/2026
Полицијата бара две малолетнички кои синоќа го напуштиле семејниот дом
Вести

Полицијата спречи опасен превоз на автопатот Велес – Скопје

20/07/2026
Трамп во центарот на вниманието на доделувањето на трофејот: На секој шпански фудбалер му ја повторувал истата порака
Вести

Трамп во центарот на вниманието на доделувањето на трофејот: На секој шпански фудбалер му ја повторувал истата порака

20/07/2026
Следна вест
Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Регистриран земјотрес на подрачјето Тетово-Гостивар

Најнови вести

Николоски: Продолжува силната поддршка за инфраструктурниот развој на Велес

Николоски: Продолжува силната поддршка за инфраструктурниот развој на Велес

20/07/2026
Протест на Независниот синдикат на здравствени работници пред МЗ

Забележано е почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, информираат од МЗ

20/07/2026
Ох, пак со нов закон ќе го штитат Охрид од градежно насилство

Засилени контроли на улиците и патиштата во Охрид за време на високата посета

20/07/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар

ЦУК: Активен пожар во Старо Нагоричане, пет се изгаснати

20/07/2026
Полицијата бара две малолетнички кои синоќа го напуштиле семејниот дом

Полицијата спречи опасен превоз на автопатот Велес – Скопје

20/07/2026
Трамп во центарот на вниманието на доделувањето на трофејот: На секој шпански фудбалер му ја повторувал истата порака

Трамп во центарот на вниманието на доделувањето на трофејот: На секој шпански фудбалер му ја повторувал истата порака

20/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.