• Импресум
Wednesday, May 27, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Во земјава расте бројот на пациенти со мултипла склероза – 115 нови случаи во 2025

27/05/2026
Време за читање: 1 минути
A A
На Клиниката за детски болести се воведува формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување

Според официјалните евиденции, во земјата во моментов живеат околу 2.500 дијагностицирани пациенти со мултипла склероза, додека трендот на нови случаи бележи пораст. Само во 2025 година се регистрирани 115 новодијагностицирани пациенти, информира в.д. директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, д-р Јован Божиновски, на прес-конференција по повод Светскиот ден на мултипла склероза.

Тој истакна дека Клиниката работи на набавка на нов апарат за магнетна резонанца, кој ќе овозможи побрза дијагностика и поефикасна евалуација на болеста. Дополнително, за 2026 година е зголемен и буџетот за лекови и изнесува 451 милион денари.

Според него, ова зголемување ќе овозможи опфат на поголем број пациенти, од 961 пациент во 2025 година до 1.020 пациенти на терапија. При тоа, околу 600 пациенти се третираат со високоефикасна модифицирачка терапија, со цел спречување на релапси и долгорочен инвалидитет.

Од Националното здружение за мултипла склероза информираат дека започнува процес на децентрализација на третманот во три здравствени установи: Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, Клиничката болница во Штип и Специјализираната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Од Фондот за здравствено осигурување посочуваат дека доколку пилот-фазата даде позитивни резултати, третманот ќе се прошири и во други градови, со цел терапијата да биде подостапна за пациентите и да се намалат патувањата и трошоците.

Од здружението беше промовирана и едукативна брошура за планирање семејство кај пациенти со мултипла склероза, со порака дека болеста не претставува пречка за бременост, туку дека бариерите најчесто произлегуваат од недостиг на информации и страв.

Во рамки на одбележувањето, од вечерва до крајот на неделата, зградата на Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје ќе биде осветлена во портокалова боја, како меѓународен симбол за поддршка на лицата со мултипла склероза.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венко Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ
Вести

Распишете референдум за ЕУ, побара Венко Филипче од власта

27/05/2026
Земјотрес во Македонија
Вести

Земјотрес регистриран во близина на Петриња

27/05/2026
„Бристол“ и „Јадран“ одат на продажба
Вести

„Бристол“ и „Јадран“ одат на продажба

27/05/2026
Најмалку 84 загинати во денешните израелски напади во Газа, соопштија палестински лекари
Вести

Убиен новиот лидер на Хамас, тврди Изреал

27/05/2026
Артета прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата
Вести

Артета прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата

27/05/2026
Пресврт и победа: Македонија подобра од Ирска со 76–68
Вести

Шаи блескаше: Тандер го совлада Сан Антонио и стигна на победа до финале

27/05/2026

Најнови вести

На Клиниката за детски болести се воведува формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување

Во земјава расте бројот на пациенти со мултипла склероза – 115 нови случаи во 2025

27/05/2026
Венко Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ

Распишете референдум за ЕУ, побара Венко Филипче од власта

27/05/2026
Земјотрес во Македонија

Земјотрес регистриран во близина на Петриња

27/05/2026
„Бристол“ и „Јадран“ одат на продажба

„Бристол“ и „Јадран“ одат на продажба

27/05/2026
Најмалку 84 загинати во денешните израелски напади во Газа, соопштија палестински лекари

Убиен новиот лидер на Хамас, тврди Изреал

27/05/2026
Артета прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата

Артета прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата

27/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.