Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб ветер, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните температури ќе се движат од -4 до 1 степен, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 6 до 12 степени Целзиусови.
Во Скопје, времето претпладне ќе биде променливо облачно со појава на магла, а попладне со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до -1 степен, додека максималната ќе достигне околу 7 степени.
Во недела се најавува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во понеделник, кога на дел од повисоките места дождот ќе преминува во снег. Привремено стабилизирање на временските услови се очекува во вторник, додека од среда повторно следуваат нови врнежи од дожд, а на планините од снег.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












