• Импресум
Friday, July 24, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Антикорупциската комисија ќе се укине или во Обвинителството некој ќе дава оставка?

01/02/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Антикорупциската комисија ќе се укине или во Обвинителството некој ќе дава оставка?

Криминалот и корупцијата цветаат во Македонија. Дури и политичарите велат дека треба повеќе да се запне за да се победи корупцијата која ја цица државата. Ама се прави ли тоа?

За пет години Државната антикорупциска комисија поднела 56 иницијативи за покренување постапка за крвично гонење на одредени раководни и службени лица, но ниту една не била процесуирана. Што ова кажува?

Всушност, правосудните органи уште од 2002 година, од случајот „Бачило“, не процесуирале ниту една од околу 200 поднесени иницијативи за кривично гонење кои ги поднеле и поранешните состави на Државната комисија за спречување на корупцијата. Ваквите податоци кои вчера ги изнесе досегашната прва антикорупционерка Билјана Ивановска не може да не го загрижат секој добронамерен во Македонија.

Зошто нивните поднесени иницијативи не доживуваат и судски епилог? 

Можно ли е 56-те иницијативи од последните пет години, но и 200-те од последните дваесетина години, да не биле доволно аргументирани, во нив да немало доволно доказен материјал, да не биле соодветно поткрепени? Па, во Комисијата седеа и сериозни луѓе кои си ја знаат работата, зарем баш секогаш згрешиле? Секако, теоретски, можно е. Ама…

Навистина ли е потребно многу време за иницијативите на антикорупционерите да добијат некаков одговор? Малку ли се три-четири години за Јавното обвинителство да се произнесе?

На сето ова треба да се даде објаснување.

Во спротивно, се отвораат две дилеми: Првата е – дали на општеството му треба ваква ДКСК со вакви законски можности? Дали е потребна Комисија чие работење и опремување чини многу, а која на крајот не дава конкретни ефекти оти стана навика никој да не ја ферма? Втората дилема, пак, е врзана за Јавното обвинителство односно правосудниот систем. Ако тие не се во состојба да ги процесуираат и да даваат брзи одговори на иницијативите на антикорупционерите, дали некој треба да понесе одговорност, па и да поднесе оставка?

Антикорупциската комисија ќе се укине или во Обвинителството некој ќе дава оставка?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Итно предупредување во Валандово: Не ја пијте водата од градскиот водовод

22/07/2026
Калил ал-Хаја го наследи Јахја Синвар на чело на Хамас
Вести

Калил ал-Хаја го наследи Јахја Синвар на чело на Хамас

20/07/2026
Гостивар пред епидемија: Институтот за јавно здравје со итен апел до граѓаните
Вести

Гостивар ја чека вистината: Денеска ќе бидат познати анализите на водата

20/07/2026
Застрашувачки вести од трагедијата во Велес: Откриени нови ДЕТАЛИ – сите во шок
Вести

Трагедија кај Блаце: Тројца државјани на Косово пронајдени мртви во превртен автомобил

20/07/2026
Гостивар пред епидемија: Институтот за јавно здравје со итен апел до граѓаните
Вести

Гостивар пред епидемија: Институтот за јавно здравје со итен апел до граѓаните

19/07/2026
Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција
Вести

Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција

19/07/2026
Следна вест
Касами: Разговарано е Таравари да биде кандидат за претседател и тој се смета за соодветен кандидат да биде кандидат Албанец на овие избори

Касами: Разговарано е Таравари да биде кандидат за претседател и тој се смета за соодветен кандидат да биде кандидат Албанец на овие избори

Најнови вести

Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии

Новата влада во Будимпешта ќе истражува можни злоупотреби со заемот за Македонија

24/07/2026
Браво ја совлада Шкендија, реваншот во Скопје ќе го реши патникот понатаму

Браво ја совлада Шкендија, реваншот во Скопје ќе го реши патникот понатаму

24/07/2026
Хаос во Албанија поради проектот на зетот на Трамп, ескалираа протестите

Хаос во Албанија поради проектот на зетот на Трамп, ескалираа протестите

24/07/2026
Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал

Огнената стихија пустоши во Франција: Илјадници жители и туристи ја напуштија областа

24/07/2026
Зулфиќар Зејнула пред избор за министер без ресор

Зулфиќар Зејнула пред избор за министер без ресор

24/07/2026
Врне дожд во цела Македонија: На Попова Шапка наврнало 55 литри дожд

Освежување по топлотниот бран: Пороен дожд и ветер во делови од земјата

24/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.