• Импресум
Saturday, June 27, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Симеон Атанасов: Ќе го платам долгот за лекување на мојата покојна мајка Есма, ако Реџепови се откажат од спорот и музејот и го предадат на Македонија (ВИДЕО)

19/01/2022
Време за читање: 2 минути
A A
Симеон Атанасов: Ќе го платам долгот за лекување на мојата покојна мајка Есма, ако Реџепови се откажат од спорот и музејот и го предадат на Македонија (ВИДЕО)

Откако правната застапничка на семејствата Реџепови и Теодосиевски, адвокатката Весна Тренкоска неодамна ја раскажа и својата приказна, своето видување на нештата кои се очигледно испреплетени во комплициран правен заплет, на чија правна разрешница и по пет години не и се ни гледа крајот, одново реагираше музичарот Симеон Атанасов, едно од посвоените деца на Есма и Стево кој до крајот на нивните животи беше со нив.

Сепак и по пет години од смртта на Есма Реџепова Теодосиевска, долгот за лекување  на кралицата на ромската песна пред таа да се упокои во болницата „Аџибадем Систина“ со износ од над 14.000 евра сè уште не е подмирен . Јавноста остана затечена по веста за неплатениот долг, кој остана неподмирен  откако Есма почина, зашто нејзините внуки од сестри и браќа, како и внуците на Стево до денес водат битка кој и што ќе наследи од нивната богата оставштина, вклучувајќи  ја и спомен куќата на скопско Кале.

Симеон Атанасов, кој е едно од децата на Теодосиевски кои ги посвоија и кој беше менаџер на Есма до крајот на нејзиниот живот, во интервју за естрадниот ТВ магазин  „Бекстејџ“, потврди дека сметката не е платена и дека тој веднаш се понудил да ја плати целата сума, но неговите адвокати го посоветувале да не го прави тоа додека правно не се расчисти со наследството, зашто оној што ќе наследи, ги наследува имотот,  правата, но и обврските, а со тоа и долговите диоколку ги има.

„Јас се понудив да ја платам сметката како што ги покрив сите погребални трошоци кои што требаше и имам за тоа и фактури. Сметкаата за лекување не е покриена бидејќи дента кога Есма почина веќе имаше индикации дека Реџепови и Теодосиевски, поточно семејството Цекиќ, кои се внуци од сестра на Стево, ќе ги оспорат двата тестаменти кои Есма ги остави. Тогаш во консултација со моите адвокати јас бев сопрен, затоа што по некое правило кога некој нешто наследува, тој го наследува и доброто и лошото и добивката и долгот. Поради тоа е стопирана целата постапка со „Систина“ да не се покрие овој трошок“ – вели Атанасов.

Симеон додава дека ако Реџепови се откажат од овој спор и го предадат музејот на Министерство за култура, овој долг тој лично веднаш ќе го покрие.

Што друго кажа (по)сино(к)oт на големите Есма и Стево, проследете во видеото во продолжение од разговорот кој го направија нашите партнери и соработници,  екипата на ТВ магазинот „од зад сцената“:

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричните автомобили со најголем раст во Европа
Живот

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
Еве ги новите цени на горивата!
Вести

Нови цени на горивата: Бензините и дизелот значително поевтинуваат

22/06/2026
Има ли редици со странски инвеститори на македонските граници?
Вести

Албанија го одобри системот „Еден шалтер“ со Македонија

20/06/2026
Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев
Вести

Радев одби средба со Мицкоски

18/06/2026
Коњановски: Заедно со граѓаните креираме проекти што го менуваат секојдневието
Вести

Коњановски: Искуствата од Хрватска ќе помогнат Битола да развива современи енергетски заедници

18/06/2026
Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати
Вести

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати

15/06/2026
Следна вест
Стил на денот: Кралицата Летиција во волшебен фустан стар 45 години-пред неа го носела нејзината свекрва

Стил на денот: Кралицата Летиција во волшебен фустан стар 45 години-пред неа го носела нејзината свекрва

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.