• Импресум
Monday, June 15, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Солзи, болка, неверување – граѓани палеа свеќи за прерано згаснатиот живот на Викторија

30/01/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Солзи, болка, неверување – граѓани палеа свеќи за прерано згаснатиот живот на Викторија

Под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“, неколку стотина граѓани, претежно од Радовиш, се собраа денеска напладне на мирен протест на раскрсницата на булеварот „Партизански одреди“ кај „Сити мол“, во знак на револт поради прерано згаснатиот живот на Викторија Николова, која на 20 овој месец беше прегазена од автомобил. Со транспаренти и маички „Почивај во мир, ангелу наш“ и „Стоп за сообраќајното насилство“ присутните ѝ оддадоа почит. Сликата беше траорна. Со солзи во очите и неверување, роднини и пријатели на трагично загинатата Викторија палеа свеќи на местото на настанот

Под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“, неколку стотина граѓани, претежно од Радовиш, се собраа денеска напладне на мирен протест на крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ кај „Сити мол“ во Скопје, во знак на револт поради прерано згаснатиот живот на Викторија Николова, која на 20 овој месец беше прегазена од автомобил. Со транспаренти и маички „Почивај во мир, ангелу наш“ и „Стоп за сообраќајното насилство“ присутните ѝ оддадоа почит.

Сликата беше траорна. Со солзи во очите и неверување, роднини и пријатели на трагично загинатата Викторија палеа свеќи на местото на настанот. Лиле Николова, помалата сестра на Викторија прочита емотивен говор со порака да престане сообраќајното насилство и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот кои се придржуваат до правилата.

Собирот го организираше дечкото на Викторија, Леонид Даов, кој беше лесно повреден во истата сообраќајна несреќа.

Кривичниот суд по жалбата од одбраната одлучи 21-годишниот возач, кој ја прегази Викторија, да остане во притвор.

Викторија не е последната жртва. По нејзиното загинување, на скопските улици животот го остави уште еден човек на булеварот пред мостот „Гоце Делчев“ кој беше прегазен од џип.

Претходниот ден, 48-годишен маж загина во сообраќајка во Ново Лисиче во близина на центарот „Лиса“, а тешко беше повредена неговата ќерка. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судир на два автомобила – „рено“ управувано од 21-годишен скопјанец и „фолксваген поло“ со кое управувал 48-годишен жител на Стајковци. Во несреќата, возачот на автомобилот „фолксваген“ се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал на самото место.

По двете сообраќајки со усмртени пешаци и сообраќајката во Ново Лисиче, за само неколку дена, вчера имаше уште една, но за среќа возачот и неговата сопатничка останале живи. Од МВР известија дека автомобил изгубил контрола и удрил во канделабра на улица „Борис Трајковски“ во Скопје, двајца повредени.

– На 29.1.2022 во 23:30 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од Скопје изгубил контрола и удрил во канделабра. По незгодата, Д.А. и неговата сопатничка А.А.(44) од Скопје биле пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде што од страна на лекар им биле констатирани повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје – се вели во известувањето од МВР.

Главна причина за ваквите сообраќајни несреќи е возењето повеќе од дозволената брзина. МВР секојдневно спроведува акциски контроли по скопските улици и изрекува казни. Завчера биле изречени вкупно 191 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина  – 58 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни возила. Изречени се и четири мерки за возач почетник, пет санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 26 санкции за управување под дејство на алкохол.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати
Вести

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати

15/06/2026
Убедлива победа за Шведска и возбудливо реми меѓу Холандија и Јапонија
Вести

Убедлива победа за Шведска и возбудливо реми меѓу Холандија и Јапонија

15/06/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

По договорот за прекин на огнот, нафтата забележа значителен пад

15/06/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Трамп објави историски договор со Иран: Ќе се отвори Ормутскиот теснец

15/06/2026
Од 15 јуни нови правила на патарините: МТАГ лентите само за електронски тагови
Вести

Од денеска нов режим на патарините: MTAG лентите само за електронски тагови

15/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

Летни температури низ Македонија, од среда можни поројни дождови и грмежи

15/06/2026
Следна вест
Жена со ментално растројство фрлила дете во кафез со мечки(Видео)

Жена со ментално растројство фрлила дете во кафез со мечки(Видео)

Најнови вести

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати

15/06/2026
Убедлива победа за Шведска и возбудливо реми меѓу Холандија и Јапонија

Убедлива победа за Шведска и возбудливо реми меѓу Холандија и Јапонија

15/06/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

По договорот за прекин на огнот, нафтата забележа значителен пад

15/06/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Трамп објави историски договор со Иран: Ќе се отвори Ормутскиот теснец

15/06/2026
Од 15 јуни нови правила на патарините: МТАГ лентите само за електронски тагови

Од денеска нов режим на патарините: MTAG лентите само за електронски тагови

15/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

Летни температури низ Македонија, од среда можни поројни дождови и грмежи

15/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.