• Импресум
Saturday, July 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

(ВИДЕО) Татко направил 5-минутно видео од својата ќерка од раѓање до 20-годишна возраст, а резултатот е зачудувачки!

04/02/2022
Време за читање: 1 минути
A A
(ВИДЕО) Татко направил 5-минутно видео од својата ќерка од раѓање до 20-годишна возраст, а резултатот е зачудувачки!

СЕКОЈ родител го научил значењето на изреката „Деновите се долги, а годините кратки“. Родителството може да ве наведе да чувствувате дека некои фази, непроспиени ноќи и грижи се бескрајни, но гледајќи наназад, времето минува премногу брзо. Децата растат и постојано се менуваат, па затоа е тешко да се следат. Трепнуваш и одеднаш твоето бебе станува дете, твоето дете станува ученик, твојот ученик станува тинејџер, а твојот тинејџер станува возрасен.

 

Некои родители се обидуваат да се изборат со текот на времето со документирање на различни моменти, но со секое дете што минува тоа станува се’ потешко бидејќи животот станува се понапнат, а вие сте се повеќе зафатени со обврски.
Но, еден татко решил да започне од почеток и да направи евиденција за растот и промените на неговата ќерка, а резултатот е неверојатно прекрасен.

 

Секоја недела снимал по неколку секунди Холандскиот режисер Франс Хофмистер почнал да ја снима својата ќерка Лоте само неколку секунди неделно додека била новороденче. Ова веројатно го планираат многу родители, иако повеќето не се држат до тоа по некое време. Но, Хофмистер продолжил. Со снимање видеа, тој создал тајм-лапс на нејзиното растење, што постојано го привлекувало вниманието на онлајн заедницата бидејќи објавувал ажурирани компилации на секои неколку години.

 

 

Во 2019. година, Хофмистер споделил видео „Портрет на Лоте од 0 до 20 години“ во кое можеме да видиме како Лоте расте од доенче во возрасна за само пет минути. Видеото на луѓето им е изненадувачки емотивно, иако тие лично не ги познаваат.
„Сакав да го документирам процесот на растење и да создадам уметнички проект во кој сите би можеле да уживаме засекогаш“, споделил Хофмистер во друго видео. Истото видео го снимил и за својот син Винс. Во една статија во The Guardian, Хофмистер објаснил зошто решил да се посвети на проектот:

 

 

„Кога Лоте се роди, таа се промени толку брзо, а јас очајно сакав да ги задржам спомените недопрени. Како што знае секој родител, разликата помеѓу дете од два дена и два месеци е запрепастувачка. Други луѓе би можеле да направат книга со фотографии, но јас решив да снимам. Ова е најфотографираната и најснимана генерација досега, но што всушност правиме со овие слики? Тие само стојат во датотека на компјутерот. Сакав да се обидам да ја пренесам суштината на моите деца, како изгледаат за нас. Не ги гледаме често фотографиите што ќе ги направиме, не на ист начинот на кој уметникот би ги гледал неговите слики“.

 

 

Лоте сега има 22 години, а Хофмистер пред неколку месеци ја споделил годишната верзија на неговата компилација за растење. „Една од причините зошто проектот имаше такво влијание, мислам, е тоа што е многу трогателен“, напишал Хофмистер. „Луѓето се трогнати од тоа затоа што пренесува чувство на душа. Ми пишуваа за сопствените деца. Филмот директно ве тера да разберете за што се работи“.

 

Фото: Принтскрин/YouTube

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба

18/07/2026
Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар
Вести

Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

18/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите
Вести

Наскоро одговори за масовните стомачни тегоби во Гостивар, најави Мицкоски

18/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ: Извештајот на ЕК покажува сериозни проблеми со владеењето на правото

18/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас
Вести

Над илјада граѓани побарале лекарска помош, Клековски оди во Гостивар

18/07/2026
Повеќе од 50 домови изгореа во разорен пожар во Норвешка
Вести

Повеќе од 50 домови изгореа во разорен пожар во Норвешка

18/07/2026
Следна вест
Од МВР демантираат дека ќе се сместат Авганистанците во Гази Баба: Ќе се сместуваат во мотели, одморалишта и хотели

Спасовски: Гледате колку се подобрени резултатите со тоа што колегите се нон стоп на патиштата и нон стоп во контрола

Најнови вести

Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба

18/07/2026
Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

18/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите

Наскоро одговори за масовните стомачни тегоби во Гостивар, најави Мицкоски

18/07/2026
Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

18/07/2026
Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

18/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: Извештајот на ЕК покажува сериозни проблеми со владеењето на правото

18/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.