• Импресум
Tuesday, June 2, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

„Плачев јас, плачеше и тој, се изнаплакавме во болница“ – Маријана низ солзи прозборе за последните денови на Тоде

15/02/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Почина Тоде Новачевски – Ја загубил тешката борба со ракот

Познатиот композитор Тоде Новачевски, кој ги напиша најголемите хитовина Маријана и Росана, и ја испеа насловната тема од серијата „Трст виа Скопје“, како што е познато се упокои минатата недела во Австралија каде што долги години живееше.

Заслужен е за многу хитови што ги испејаа Маријана и Росана и не само тие. “А од љубов не се бега” од Зафира Хаџиманов ”Ако не исчезнам”, “Признавам”, “Има една судбина”, “Трст виа Скопје”, “Свири ми брате цигане“, се дел од нив.

Тоде до самит крај беше во одлични односи со својата поранешна сопруга Мријана, и беше татко на две деца, а подоцна и дедо на Ева која му е внука од синот Филип и снаата Анастасија, а инаку има и ќерка Магдалена.

Творечки опус на Тоде Новачевски опфаќа оркестарски, камерни, вокално-инструментални дела и кантата за хор. Неговото творештво е препознатливо по големиот опус на народни и забавни песни, скоро сите антологиски хитови.

 

Тоде Новачевски својот музичко-едукативен пат го проследува најпрво во средното музичко училиште во Битола. Потоа се запишува на наставно-теоретскиот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

 

Две години подоцна, се запишува на одделот по композиција, во класата на Тома Прошев. На наставно-теоретскиот оддел дипломира во 1979 година, а на одделот по композиција во 1985 година.

 

Од 1979 до 1982 година работи во Музичката продукција на РТС, а од 1982 година работи најпрво како корепетитор, а потоа како наставник во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

Подоцна се преселува во Мелбурн, Австралија каде живее и работи повеќе од 30години.

Тој даде интервју за svet-australia.com, и таму откри дека последниве години се бори со тешка бол-ест и раскажа за неговата борба да ја победи.

Авторот на интервјуто вели дека Тоде му ја покажал “птицата” што ја добил на подарок од болницата “Аустин” од од одделот на славната Оливиа Њутон – Џон, кој се грижи за пациенти заболени од кан -цер.

 

-Сепак, засега барем низ оваа моја последна животна епизода поминувам како да ми е почеток на еден нов, поубав и посреќен период, иако сум свесен дека е многу можно да не доживеам подлабока старост“, изјавил Новачевски.

 

Тој прозборел и зошто се разделил од Маријана:

Животот во Австралиа мене лиčно ме измени до тој степен, да се осеќав како губитник на кој не му успева апсолутно ништо, ни да си најди работа во својата професија, ни да го заштити своето семејство од разно разни глупости кои доаѓаа од примитивци кои не принудија да одиме дури и по австралиските судови.

 

Ете тоа мене лично ме направи неспособен за компромис и за пребродување на кризата во нашата врска. А јасно е дека без компромс, врски не постојат.“, рекол Тоде минатото лето.

 

-Рековме ЗБОГУМ . Сакам песно моја да те испеам сета болка своја, како солза да ја слеам….. Одлетај песно моја моја гулабице побарај ведро небо за мојот бол на срце.

 

Почивај во мир Тоде мој, таму некаде каде болки И премрезја не постојат“, напиша Маријана Новачевска на Фејсбук откако Тоде си замина во вечноста.

 

Со емотивни зборови, и синот Филип и ќерката Магдалена се простија од својот татко и рекоа дека засекогаш ќе бидат горди на него и среќни што го имале.

 

– До семејството и пријателите, со најтешко срце ја споделуваме тажната вест дека рано утрово поч ина татко ми Тоде Новачевски. Тато, иако те нема..

 

Никогаш нема да те заборавам. По чивај во мир, те сакам 1 септември 1956 година – 11 февруари 2022 година“, напиша синот Филип.

 

– Нашиот сакан татко, брат, син, вујко, пријател, творец на музичката историја, извонреден професор. Ќе ни недостига твојата нежност, ќе ни недостига твојот интелект, ќе ни недостасува твојата насмевка, ќе ни недостасува твојата емпатија.

 

Допре толку многу животи, ти направи историја. Со солзи и тага, ние сме толку благодарни и благословени што те имавме во нашите животи и ќе го цениме секој момент.

 

Почивај во мир тато. Се додека не се видиме повторно. Те сакаме повеќе отколку што зборовите можат да опишат“. Ова се зборовите на Магдалена, ќерката на Маријана и на Тоде.

 

За порталот ММС.мк, Маријана прозборе за тао дека по неговиот последен здив, таа била покрај Тоде во болница и му помагала во основните потреби кои не можел да ги изврши поради неговата слабост.

 

Маријана за ММС раскажала дека таа решила да му прости на Тоде за се, затоа што иако долго години не биле заедно, тие имале брак, имале љубов,деца и внука.

-Солзи, неговите молби за простување и дела многу му е жал, се кае и се чувствува виновен што се распадна нашата заедница. За овие 20 години колку што не сме во брак, се измачи и тој сам во животот многу.

Последните денови од неговиот живот ми ја распараа душата и ќе ги паметам додека сум жива. Секој ден додека одев во болница и додека не можеше да јаде и пие во хранев“, раскажа Маријана.

Таа исто така рекла дека докторот на крајот им рекол дека тоде не е контактибилен, не може да им одговори на зборовите, но се може да ги слушне.

Тогаш, Маријана му ставила слушалки на уши и му ги пуштала нивните заеднички најубави песни.

 

-Беше премногу слаб да реагира, само му течеа солзи низ образите. Плачеше тој, а плачев и јас“, изјави Маријана Новачевска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се ограничуваат цените на доматите, пиперот, кромидот, бананите, портокалите, лимонот
Вести

Еве зошто треба почесто да јадете пиперки

01/06/2026
Денеска православните верници го одбележуваат големиот празник – Духовден, Света Тројца
Вести

Денеска православните верници го одбележуваат големиот празник – Духовден, Света Тројца

31/05/2026
Што се случува со Фејсбук?
Вести

„Паднаа“ Фејсбук, Инстаграм и други големи телекомуникациски оператори, корисниците пријавуваат проблеми

28/05/2026
Отровните змии се поблиску до населени места поради климатските промени
Вести

Отровните змии се поблиску до населени места поради климатските промени

26/05/2026
Aко лошо спиете може да добиете мозочен удар
Вести

Научници предупредуваат: Лошите навики за спиење стареат повеќе органи

16/05/2026
Зошто лебот од банана е омилен ширум светот
Вести

Како храната може да ја намали ефикасноста на лековите

13/05/2026
Следна вест

Сите ја споделуваат оваа снимка: Маж фатен како изневерува, а потоа следи ДРАМА

Најнови вести

Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко

Кривични пријави во Куманово: Уништено заштитено културно наследство и бесправна градба

02/06/2026
Срамно е да пропадне Охридскиот маратон: Пендаровски ќе ја штити ли 60-годишната традиција?

Ограничена пловидба на езерата за зголемена безбедност на капачите

02/06/2026
Тетовец обвинет за узурпација: Заградил државна парцела и ја користел како паркинг

Полицијата приведе девет лица поради безобѕирно возење низ државата

02/06/2026
Дурмиши: Ненадејното зголемување на минималната плата може да ги погоди малите фирми

Цените се стабилни, порастот кај основните производи е само 0,43%, кажа министерот Дурмиши

02/06/2026
Постои сомнеж за убиство, пронајден е починат 42-годишен маж во Кавадарци што семејството го барало неколку дена

ЈО презентираше нова комуникациска стратегија на Јавното обвинителство за периодот 2026 – 2028 година

02/06/2026
Баумгартнер аут за СП, Австрија во проблем пред стартот на турнирот

Баумгартнер аут за СП, Австрија во проблем пред стартот на турнирот

02/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.