• Импресум
Saturday, July 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Скопски маратон денеска обедини 8.500 натпреварувачи од 47 држави

02/10/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Скопски маратон денеска обедини 8.500 натпреварувачи од 47 држави

Од утринава во 8 часот започна една од најпознатите спортски манифестации што се одржува во Макеоднија – „Виз Ер Скопски маратон“, На годинешново, 18-то по ред, издание ќе учествуваат 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 држави.

Трката низ улиците на главниот град на Македонија повторно се враќа на главниот градски плоштад „Македонија“, откако во минатите неколку години, поради пандемијата на Kовид-19, стартот и целта беа на платото пред спортскиот центар (СЦ) „Борис Трајковски“, во населбата Карпош 3. Како и досега, ќе се трчаат маратон, полумаратон, штафетен маратон и ревијална трка на 5 км. Пријавени се над 8.500 натпреварувачи од 47 земји, меѓу кои околу 200 ќе трчаат маратон, над 1.000 полумаратон, а другите ќе настапат на рекреативните трки.

Скопскиот маратон годинава ќе има измената рута која ќе се движи од центарот на Скопје, до населбата Хром, по што рутата се враќа назад до центарот на градот преку булеварите „Трета Македонска бригада“, „Србија“ и „Јане Сандански“. Годинашното издание на 18. „Виз Ер Скопски маратон“ е со финанисиска поддршка од Град Скопје. Годинашното издание на маратонот ќе биде посветено на основачот на манифестацијата Ѓорѓи Кузмановски, кој почина во понеделникот на 80-годишна возраст. Манифестацијата е поддржана од голем број спонзори, а авиокомпанијата „Виз Ер“ на сите учесници и оваа година ќе им додели ваучери во износ од 20 евра.

Меѓу поквалитетните се двајца маратонци и една маратонка од Кенија, а адутот на Македонија ќе биде ланскиот победник и државен рекордер Дарио Ивановски. Најдобрата македонска атлетичарка Адријана Поп Арсова, која лани победи на маратонот, годинава ќе трча полумаратон.

За разлика од минатите години, Скопскиот маратон под мотото „Трчањето ќе ве промени“ нема да биде и Државно првенство на Македонија, оти Атлетската федерација на Македонија (АФМ) не е меѓу организаторите на маратонот.

-Пријатно сме изненадени од бројот на пријавени натпреварувачи и се надевам дека наскоро, веќе следната година, ќе стигнеме и до рекордната бројка од околу 12.500 учесници во 2019-та. Очекувам добра трка, на патеката што рамна и доста брза, на сите тркачи им посакувам „лесни нозе“ и соборување на своите најдобри времиња. Можеби ќе има и нов рекорд на патеката. Исто така ги повикувам и граѓаните на Скопје да излезат во што поголем број на улиците за да им дадат поддршка на натпреварувачите, а и да се забавуваат, истакна на неодамнешната средба со новинарите директорот на маратонот, Кире Синадиновски

Организаторите апелираат до жителите на главниот град масовно да излезат на улиците и да им дадат силна поддршка на учесниците.

Скопскиот маратон традиционално е во организација на Сојузот на спортови на Град Скопје, а и годинава се организира со поддршка со локалните власти, бројни спортски клубови и асоцијации, под покровителство на Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Канцеларијата на Европската унија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени
Вести

Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени

18/07/2026
Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“
Вести

Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“

18/07/2026
Доцни вечери, алкохол и пиротехника: ИЈЗ со важни совети за безбедни празници
Вести

Стручни екипи на ИЈЗ работат и за викенд по случајот во Гостивар

18/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба

18/07/2026
Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар
Вести

Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

18/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите
Вести

Наскоро одговори за масовните стомачни тегоби во Гостивар, најави Мицкоски

18/07/2026
Следна вест
Колумна на Габриела Арсова

Колумна на Габриела Арсова

Најнови вести

Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени

Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени

18/07/2026
Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“

Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“

18/07/2026
Доцни вечери, алкохол и пиротехника: ИЈЗ со важни совети за безбедни празници

Стручни екипи на ИЈЗ работат и за викенд по случајот во Гостивар

18/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба

18/07/2026
Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

18/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите

Наскоро одговори за масовните стомачни тегоби во Гостивар, најави Мицкоски

18/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.