• Импресум
Saturday, July 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Колумна на Габриела Арсова

Станавме квази држава без однос кон македонскиот јазик!

02/10/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Колумна на Габриела Арсова

Станавме КВАЗИ. Квази во секој смисол. Квази држава, квази политики, квази политичари, квази стандарди, квази пријателства, квази партнерства, па и квази кон самите себе. Одлично ни одговара квази-то сакате како префикс, сакате како прилог. Алал да ни е! Префикси, прилози, граматика, јазик… Фрапантен е интересот за македонскиот јазик и македонската книжевност. Ете. Вкупно 16 запишани студенти , вкупно 180 непополнети места. Поразително, зарем не? Со квази односот кон македонскиот јазик и книжевност стигнавме дотаму да никој не сака да го изучува јазикот. Ако овој тренд потрае ќе нема ниту кој да го предава македонскиот јазик во училиштата, гимназиите, ниту пак кој да твори и да остави траг во македонската книжевност. Лектурата и сега е видлив проблем – сакате читајќи ги учебниците, сакате читајќи ги лектирите. Ништо подобра не е ситуацијата не е ниту во законите, ниту во законодавниот дом. Дури и во медиумите гасне трендот на зборување на македонски литературен јазик. Лека, полека го подзабораваме. А во вакви околности, не е јасно ниту кој ќе го развива, имајќи предвид дека јазикот е жива материја?!? Но, затоа на темата македонски, северномакедонски, признаени од соседите или не, во едно нешто видливо и мерливо сме успеале – нашите деца не сакаат да го изучуваат македонскиот јазик и книжевност.

Не е ли време, или веќе поминало времето, да се позанимава некој со објективната (не)заинтересираност за македонскиот јазик кај младите?! Дури расте тензијата кој го признава, кој не – не е ли ова сериозна тема за анализирање и барање решенија?! Или ако не е важен односот кон јазикот внатре во државата, дома, чуму толкава врева за односот на другите кон него?! И кој треба да ги покрене овие прашања? Кој треба да анализира? Да нуди решенија? Владата? Пратениците? Партиите? Младинските организации на партиите? Ама и тука квази моментот владее!!! Природно се редат прашањата околу квази приликите : Што е партија? Кои се идеологиите на партиите? Политиките? Кои се леви, кои се десни? Зелени? Чуму унии на млади сили? На жени? На ветерани? Која е идејата? Повеќе раководни тела? Повеќе идеи? Ако сите овие унии се подмножества дали тоа значи дека сржта на партиите се мажи на средна возраст кои не се млади сили, не се ветерани и природно не се составен дел од унијата на жени?! Квази, квази, квази…

Како и да е, ниту младите, ниту ветераните, ниту жените, ниту партиите во целост, со каква и да се идеологија, визии и стратегии, темава не ја гледаат како загрижувачка, како внатрешен проблем во државата, како поразителна за општеството. Очигледно, јазикот како да е само наменска тема за политички поени. И така. Кучињата си лајат, карваните си врват…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени
Вести

Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени

18/07/2026
Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“
Вести

Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“

18/07/2026
Доцни вечери, алкохол и пиротехника: ИЈЗ со важни совети за безбедни празници
Вести

Стручни екипи на ИЈЗ работат и за викенд по случајот во Гостивар

18/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба

18/07/2026
Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар
Вести

Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

18/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите
Вести

Наскоро одговори за масовните стомачни тегоби во Гостивар, најави Мицкоски

18/07/2026
Следна вест
Триумф на кенијците Киплагат и Черотич на Скопскиот маратон

Триумф на кенијците Киплагат и Черотич на Скопскиот маратон

Најнови вести

Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени

Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени

18/07/2026
Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“

Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“

18/07/2026
Доцни вечери, алкохол и пиротехника: ИЈЗ со важни совети за безбедни празници

Стручни екипи на ИЈЗ работат и за викенд по случајот во Гостивар

18/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба

18/07/2026
Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

18/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите

Наскоро одговори за масовните стомачни тегоби во Гостивар, најави Мицкоски

18/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.