• Импресум
Saturday, July 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Македонските ракометари на чекор до пласманот на Европското првенство

17/10/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Македонските ракометари на чекор до пласманот на Европското првенство

На чекор од пласманот на Европското првенство што ќе се одржи во 2024 година се македонските ракометари по вчерашниот убедлив триумф против селекцијата на Турција. Македонската ракометна репрезентација забележа уште една победа во квалификациите за ЕП откако после Луксембург совлада и Турција со 27:36. Нашите ракометари сега имаат две победи од два натпревара во групата 1 во која сме со Португалија, Турција и Луксембург. Со оглед на тоа дека две селекции од групата директно обезбедуваат место на Европското првенство дојдовме на чекор од пласман на уште едно големо натпреварување.

Следен противник на Македонија во евро-квалификациите ќе биде селекцијата на Португалија, во март следната година, и тоа ќе биде прилика за нова потврда на нашата добра форма. Но, претходно нè чека Светското првенство во Шведска и Полска, каде сме во група со Норвешка, Холандија и Аргентина.

На вчерашниот напревар со Турција македонските ракометари од самиот старт тргна моќно, со цврста одбрана и ефикасен напад. Турците цели 13 минтуи не успеваа да го најдат патот до нашата мрежа, а ние во тој период отворивме со неверојатни 0:9. На крајот се покажа дека токму тоа беа минутите во кои ние го решивме прашањето на победникот.

Во продолжение успешно ја одржувавме оваа предност со која и заминавме на полувреме (8:17), иако имавме и +10. Тие +10 беа и највисоката предност во натпреварот.

Во вториот дел Лазаров имаше можност како и против Луксембург да испроба нешто ново. Се што направи Турција е да се доближи до -6 на неколку пати, сепак се забележуваше дека нашите момци го имаат под контрола натпреварот и резултатот.

Талески беше најефикасен кај нас со седум голови, Дејан Манасков постигна пет, а четири додаде Томислав Јагуриновски. Никола Митревски натпреварот го заврши седум одбрани или 50 отсто одбранети удари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ
Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Образованието повторно е државен приоритет

18/07/2026
Димот од пожарите во Канада го загадува воздухот во САД
Ударни вести

Димот од пожарите во Канада го загадува воздухот во САД

17/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите
Вести

Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите

17/07/2026
Богата програма во Илинден по повод Денот на Општината
Вести

Богата програма во Илинден по повод Денот на Општината

17/07/2026
Улицата кон Горно Оризари добива целосно нов лик
Вести

Улицата кон Горно Оризари добива целосно нов лик

17/07/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин
Вести

Проданоски: За девет месеци обезбедивме инвестиции од 990 милиони денари, следуваат нови капитални проекти во Прилеп

16/07/2026
Следна вест
Убаво: Ветерани го исчистија запуштениот споменик од НОБ во липковско

Убаво: Ветерани го исчистија запуштениот споменик од НОБ во липковско

Најнови вести

СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: Извештајот на ЕК покажува сериозни проблеми со владеењето на правото

18/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Образованието повторно е државен приоритет

18/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас

Над илјада граѓани побарале лекарска помош, Клековски оди во Гостивар

18/07/2026
Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“

Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“

18/07/2026
Повеќе од 50 домови изгореа во разорен пожар во Норвешка

Повеќе од 50 домови изгореа во разорен пожар во Норвешка

18/07/2026
Денеска нѐ очекува топло време со мала облачност

Жештините продолжуваат, утре локално и до 40 степени

18/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.