По слабиот почеток во АБА лигата, актуелниот кошаркарски првак на Македонија, екипата на МЗТ Скопје, претрпе пораз и во домашното првенство, откако на свој терен во СЦ „Јане Сандански“ загуби од тимот на Гостивар со 80:79.
Гостиварци покажа поголема борбеност, посилно ја посакуваа победата за време на целиот натпревар па водеа дури и со двоцифрена разлика. Кошаркарите на МЗТ Скопје се обидуваа да не претрпат пораз, но се чини и оставаа простор противникот да се исплаши од нивното реноме. Но, до тоа не дојде во составот на Гостивар најдобар беше Корсантија кој имаше дабл-дабл учинок со 19 поени и 10 скока, а одличен беше и Пипкинс.
Инаку, вчерашниот меч за МЗТ Скопје требаше да биде загревање пред дуелот од АБА лигата против Студентски центар. Да се надеваме дека ваквото загревање навистина ќе ги загрее да запнат повеќе во наредните натпревари.
ФОТО: МЗТ Скопје













