Европската унија одобри нова транша финансиска помош за Украина во износ од 2,8 милијарди евра, како дел од седмата редовна исплата во рамки на Инструментот за Украина, соопшти Советот на ЕУ во Брисел.
Оваа исплата е дел од поширокиот План за Украина, кој опфаќа финансиска поддршка за закрепнување од војната, реконструкција на инфраструктурата и модернизација на државата, како и спроведување реформи во насока на европска интеграција.
Претходната, шеста транша беше исплатена во декември 2025 година и изнесуваше 2,3 милијарди евра, што покажува континуитет во поддршката од страна на ЕУ.
Инструментот за Украина, кој стапи на сила на 1 март 2024 година, предвидува вкупна финансиска рамка од 50 милијарди евра во форма на грантови и заеми за периодот од 2024 до 2027 година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












