• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ХРВАТСКА ЗАТРУПАНА СО СНЕГ- невремето доаѓа и кон Македонија, еве кога се очекува да пристигне снежната бура! (ФОТО)

13/04/2021
Време за читање: 1 минути
A A

Хрватска од денеска е зафатена од студен бран и во делови од земјата снежно невреме, некаде со температури и до 18 степени пониски од вчерашните. Делови од земјата се погодени од поројни дождови, некаде има снежна покривка, а во голем дел дува силен ветер.

Утрово падна снег во Горски Котар и Лика и температурите се околу нула и се за десет степени пониски од вчерашните. Утрово измерени се 7 сантиметри снег во Делнице, а 10 сантиметри во населбата Бегово Раздоље. Од службата за Хрватските автопатишта повикуваат граѓаните да не поаѓаат на пат без посебна потреба.

Поради силниот ветер, Јадранската магистрала помеѓу Карлобаг и Света Марија Магдалена е затворен за секаков сообраќај, а поради лошите временски услови, во прекин се и некои фериботски и катамарански линии, објави Хрватскиот авто-клуб (ХАК).

Поради олујниот ветер и снег, во моментов нема слободна рута за камиони со приколки и полуприколки од правецот на внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно.

Дел од Јадранот синоќа беше погоден од најавениот силен дожд, кој предизвика големи бранови во тој дел на Хрватска.

Во среда во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи.

Во среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег се очекува за време на викендот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз
Вести

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз

15/06/2026
Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила
Вести

Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила

15/06/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија
Вести

Во Тетово мајка го удирала тримесечното бебе од асфалт, очевидци и го одзеле и пријавиле во полиција

15/06/2026
Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија
Вести

Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

15/06/2026
Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција
Вести

Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

15/06/2026
Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје
Вести

Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

15/06/2026
Следна вест

ВАЖНИ ОДЛУКИ НА ВЛАДАТА: Една е регулација на цените во приватните болници

Најнови вести

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз

15/06/2026
Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила

Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила

15/06/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија

Во Тетово мајка го удирала тримесечното бебе од асфалт, очевидци и го одзеле и пријавиле во полиција

15/06/2026
Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

15/06/2026
Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

15/06/2026
Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

15/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.