• Импресум
Monday, July 13, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Катастрофална статистика: За 4,1% намален бројот на новородени

27/05/2026
A A
Во Британија се роди првото бебе од тројца родители

Македонија и понатаму се соочува со сериозен демографски пад, а најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека негативен природен прираст во првото тримесечје од годинава е регистриран во дури 66 општини.

Според ДЗС, во првите три месеци од 2026 година се родени 3.380 деца, што е за 4,1 проценти помалку во споредба со истиот период лани. Во истиот период починале 5.342 лица, што е намалување од еден процент во однос на минатата година. Меѓу починатите се евидентирани и девет доенчиња.

Податоците на Евростат дополнително ја потврдуваат загрижувачката слика. Македонија се наоѓа меѓу европските држави со најизразени негативни демографски трендови, предизвикани од негативниот природен прираст и континуираното иселување.

Според европската статистика, бројот на жители во земјава за три години е намален за околу 14.500 лица. Во 2022 година Македонија имала 1.837.114 жители, во 2023 година 1.829.954, во 2024 година 1.826.247, а во 2025 година бројката паднала на 1.822.612 жители.

Социологот Илија Ацески оценува дека проблемот е комплексен и дека последиците веќе сериозно се чувствуваат. Според него, коренот на кризата лежи во образовниот систем, економската несигурност и промената на вредносните ставови кај младите генерации.

Во меѓувреме, Македонската православна црква најави формирање фонд за поддршка на многудетни семејства, додека Владата разгледува мерки како даночни олеснувања за мајки, поддршка за семејствата и кампањи за подигнување на јавната свест за демографските проблеми.

Новата власт веќе назначи и специјален советник за намален наталитет, а Министерството за труд доби проширени надлежности за демографија и млади. Сепак, засега нема видливи резултати.

Македонија останува меѓу земјите со сè поголем број пензионери и сè помал број новородени, што дополнително го продлабочува демографскиот предизвик.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор
Вести

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор

12/07/2026
Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон
Вести

Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Семејна расправија заврши со повреден маж во скопски Аеродром

12/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ: Нема да учествуваме на координативната средба

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Вандализам во Виница: Училиштето најави кривична постапка по снимките од видеонадзорот

12/07/2026
Женската штафета донесе сребро и го урна рекордот стар 27 години
Вести

Женската штафета донесе сребро и го урна рекордот стар 27 години

12/07/2026
Следна вест
Нема барање за притвор: Истрагата против судијата Ристов продолжува

Обвинителството: Ѓоко Ристов криел 350.000 евра во ѕидови и не ги пријавил

Најнови вести

Играчите на Реал Мадрид постигнаа најмногу голови во историјата на Мундијалите

Играчите на Реал Мадрид постигнаа најмногу голови во историјата на Мундијалите

12/07/2026
Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор

12/07/2026
Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон

Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Семејна расправија заврши со повреден маж во скопски Аеродром

12/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: Нема да учествуваме на координативната средба

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Вандализам во Виница: Училиштето најави кривична постапка по снимките од видеонадзорот

12/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.