• Импресум
Monday, July 13, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Конечно правда за семејствата? „Ер Франс“ и „Ербас“ осудени за убиство од небрежност

22/05/2026
A A
Конечно правда за семејствата? „Ер Франс“ и „Ербас“ осудени за убиство од небрежност

По речиси 17 години од една од најтрагичните авионски несреќи во поновата историја, Апелацискиот суд во Париз ги прогласи „Ер Франс“ и „Ербас“ за виновни за убиство од небрежност во случајот со летот АФ447, во кој во 2009 година загинаа 228 лица.

Судот оцени дека авиокомпанијата и производителот на авионот сносат целосна одговорност за трагедијата што се случи на рутата Рио де Жанеиро – Париз, кога авионот се урна во Атлантскиот Океан за време на невреме. Во несреќата животот го загубија сите 216 патници и 12 членови на екипажот.

Иако двете компании беа ослободени од одговорност во првостепената постапка во 2023 година, по новото судење Апелацискиот суд донесе пресуда со која ги прогласи за виновни и им изрече максимална парична казна од по 225.000 евра.

Претставниците на семејствата на жртвите ја поздравија пресудата како важен чекор кон правда, иако дел од нив сметаат дека изречените казни се симболични во споредба со размерите на трагедијата.

Авионот се урна на 1 јуни 2009 година од височина поголема од 11.000 метри, а остатоците и црните кутии беа пронајдени по долгогодишна и сложена потрага на дното на Атлантскиот Океан.

Истрагата утврди дека до несреќата довела комбинација од неисправни сензори за брзина и несоодветна реакција на пилотите во критичен момент. По трагедијата беа воведени промени во обуката на пилотите и беа заменети спорните сензори на истиот тип авиони.

Несреќата на летот АФ447 и денес останува најсмртоносната катастрофа во историјата на француското цивилно воздухопловство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор
Вести

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор

12/07/2026
Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон
Вести

Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Семејна расправија заврши со повреден маж во скопски Аеродром

12/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ: Нема да учествуваме на координативната средба

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Вандализам во Виница: Училиштето најави кривична постапка по снимките од видеонадзорот

12/07/2026
Женската штафета донесе сребро и го урна рекордот стар 27 години
Вести

Женската штафета донесе сребро и го урна рекордот стар 27 години

12/07/2026
Следна вест
Исплата на бонус плата за вработените во МВР за над 150 часа прекувремена работа

МВР: Возачот изгубил контрола, ја пробил оградата и предизвикал кобен судир

Најнови вести

Играчите на Реал Мадрид постигнаа најмногу голови во историјата на Мундијалите

Играчите на Реал Мадрид постигнаа најмногу голови во историјата на Мундијалите

12/07/2026
Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор

12/07/2026
Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон

Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Семејна расправија заврши со повреден маж во скопски Аеродром

12/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: Нема да учествуваме на координативната средба

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Вандализам во Виница: Училиштето најави кривична постапка по снимките од видеонадзорот

12/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.