• Импресум
Saturday, August 1, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Критична состојба во Грција, пожарите се шират со помош на силниот ветер

01/08/2026
A A
Критична состојба во Грција, пожарите се шират со помош на силниот ветер

Грција и натаму се бори со големи шумски пожари, а силните ветрови дополнително ја отежнуваат состојбата и го поттикнуваат ширењето на огнената стихија. Властите и денеска остануваат во состојба на висока готовност, додека најкритична е ситуацијата северозападно од Атина.

Огромни облаци чад се издигнуваат над регионот, а неколку села на околу 60 километри од грчката престолнина повторно се евакуирани како превентивна мерка.

Крајбрежната стража евакуираше 12 лица од плажа во заливот Порто Гермено, додека според локалните медиуми, најмалку десет куќи се уништени во пожарите.

Во гаснењето се вклучени околу 325 пожарникари и волонтери, 92 противпожарни возила, 18 авиони и седум хеликоптери. Полицијата работи на регулирање на сообраќајот во погодените подрачја, особено во близина на полуостровот Пелопонез, каде што пожарите се активни на повеќе фронтови.

Според противпожарната служба, само во текот на петокот биле регистрирани 73 пожари низ земјата.

Во меѓувреме, големиот пожар на јужен Крит е ставен под контрола, но околу 220 пожарникари и натаму остануваат на терен поради опасност од повторно активирање на жариштата. Гаснењето од воздух е ограничено поради силните ветрови, кои придонесуваат за појава на нови пожари.

Надлежните спроведуваат истрага за причините за избувнувањето на пожарите, а првичните сомнежи се дека еден од нив можеби бил предизвикан од оштетени далноводи.

Поради сериозната состојба, грчката цивилна заштита прогласи највисок степен на тревога за поширокиот регион на Атина и јужниот дел на островот Евбеја. Високо ниво на опасност останува и за Крит, Пелопонез, Кикладите, Хиос и Лезбос.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доцни вечери, алкохол и пиротехника: ИЈЗ со важни совети за безбедни празници
Вести

Информирајте се за здравствените ризици и заштитете се од инфекции, ИЈЗ со препораки

01/08/2026
Жена тешко повредена при слетување со параглајдер во Охрид
Вести

Жена тешко повредена при слетување со параглајдер во Охрид

01/08/2026
Владата додели 47 социјални станови во Дебар
Вести

Владата додели 47 социјални станови во Дебар

01/08/2026
Криза во Сеута: Илјадници мигранти се враќаат во Мароко по смртоносниот бран
Вести

Криза во Сеута: Илјадници мигранти се враќаат во Мароко по смртоносниот бран

01/08/2026
ДДВ на горивата падна на 10% – спас од ценовниот шок
Вести

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на доделување социјални станови во Дебар

01/08/2026
Горештините се враќаат, утре до 36 степени
Вести

Доаѓаат пеколни горештини, на повеќе места се очекуваат над 40 степени

01/08/2026
Следна вест
Жена тешко повредена при слетување со параглајдер во Охрид

Жена тешко повредена при слетување со параглајдер во Охрид

Најнови вести

Доцни вечери, алкохол и пиротехника: ИЈЗ со важни совети за безбедни празници

Информирајте се за здравствените ризици и заштитете се од инфекции, ИЈЗ со препораки

01/08/2026
Жена тешко повредена при слетување со параглајдер во Охрид

Жена тешко повредена при слетување со параглајдер во Охрид

01/08/2026
Критична состојба во Грција, пожарите се шират со помош на силниот ветер

Критична состојба во Грција, пожарите се шират со помош на силниот ветер

01/08/2026
Владата додели 47 социјални станови во Дебар

Владата додели 47 социјални станови во Дебар

01/08/2026
Криза во Сеута: Илјадници мигранти се враќаат во Мароко по смртоносниот бран

Криза во Сеута: Илјадници мигранти се враќаат во Мароко по смртоносниот бран

01/08/2026
ДДВ на горивата падна на 10% – спас од ценовниот шок

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на доделување социјални станови во Дебар

01/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.