Триесет и осумгодишна државјанка на Шведска се здобила со тешки телесни повреди при слетување со параглајдер во Охрид, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, вчера во 17:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Специјалната болница „Св. Еразмо“ била донесена А.Г.Б. (38) од Шведска, која се повредила при слетување со параглајдер управуван од лице од охридска параглајдинг-компанија.
Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












