• Импресум
Tuesday, June 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ЛИДЕРИТЕ ОД РЕГИОНОТ УТРЕ ВО СКОПЈЕ На состанокот ќе се разговара за Планот за раст на Западен Балкан

21/01/2024
Време за читање: 1 минути
A A
ЛИДЕРИТЕ ОД РЕГИОНОТ УТРЕ ВО СКОПЈЕ На состанокот ќе се разговара за Планот за раст на Западен Балкан

Претседателот на македонската влада, Димитар Ковачевски ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на Западен Балкан, посветен на Планот за раст на Западен Балкан, усвоен од Европската Комисија, што ќе се одржи утре во Скопје.

На средбата ќе присуствуваат претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, премиерите на Албанија Еди Рама, на Црна Гора Милојко Спаиќ, на Косово Албин Курти, Срѓан Амиџич, актуелен министер за финансии и трезор во Советот на министри на Босна и Херцеговина, како и Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија и Џејмс О’Брајaн, помошник државен секретар за Европски и Евроазиски прашања на САД.

Учество ќе земат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и нивните колеги од земјите од Западен Балкан.

Дополнително, ќе присуствуваат и претставници на регионалните организации, Регионалниот совет за соработка, ЦЕФТА и Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан-6, како и на меѓународните финансиски институции.

Американскиот помошник-државен секретар за Европа и Евроазија О’Брајан, денеска порано пристигна во земјава по повод учеството на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан.

Како што соопштија од СЕП, на О`Брајан кој е дел од Делегацијата на стратешките партнери на државата кои ќе учествуваат на состанокот, добредојде му посака вицепремиерот Бојан Маричиќ и му се заблагодари за поддршката што Соединетите Американски Држави ја даваат на Македонија.

Учеството на претседателот на Србија Вучиќ на лидерскиот состанок за Планот за раст за Западен Балкан, чиј домаќин е Владата на Република Северна Македонија, го потврдија од неговиот кабинет.

Инаку, настанот кој требаше да се одржи денеска во Скопје, по повод започнување на мерката за „Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан“, од владината прес-служба информираа дека се одложува до моментот кога целосно ќе се овозможат техничките услови за имплементацијата на мерката во Албанија, Србија и Македонија поединечно.

„Во моментов, усогласени се протоколите врзани со условите за слободен пристап до пазарите како и со шемите за електронска идентификација. Врз основа на истите, техничките тимови во секоја земја соодветно преземаат завршни активности. Минатонеделните координации и технички тестирања, иако првично со позитивни исходи, покажаа дека е потребно дополнително време за тестирање и поставување на услугите во системите на трите земји, за истите да станат јавно достапни, за сите граѓани истовремено. Институциите кои се надлежни за имплементација, активно работат на дополнителни тестирања и усогласувања на системите, имајќи ја предвид важноста, потребите и придобивките за граѓаните“, се наведува во соопштението.

Воедно, се посочува дека во најбрз можен рок, а во интерес на граѓаните, трите земји ќе информираат за следните чекори врзани со оваа мерка која, како што се наведува, е една од многуте мерки и проекти кои произлегоа од иницијативата Отворен Балкан, а со кои граѓаните уживаат вистински придобивки и развој.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТИТАН Усје:  Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно сите стандарди и не ги надминуваме законски дозволените лимити
Вести

Марш за почиста животна средина: „Стоп за Усје“ со повик до граѓаните

23/06/2026
Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева
Вести

Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева

23/06/2026
Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи
Вести

Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи

23/06/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи
Вести

Попладне се очекуваат дожд, грмежи и засилен ветер

23/06/2026
Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија
Вести

Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија

22/06/2026
Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен
Вести

Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

22/06/2026
Следна вест
Најевтините ресторани во светот: Каде може да бидете услужени за 2 долари, а колку чини оброк во Македонија?

Најевтините ресторани во светот: Каде може да бидете услужени за 2 долари, а колку чини оброк во Македонија?

Најнови вести

ТИТАН Усје:  Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно сите стандарди и не ги надминуваме законски дозволените лимити

Марш за почиста животна средина: „Стоп за Усје“ со повик до граѓаните

23/06/2026
Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева

Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева

23/06/2026
Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи

Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи

23/06/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи

Попладне се очекуваат дожд, грмежи и засилен ветер

23/06/2026
Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија

Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија

22/06/2026
Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

22/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.