• Импресум
Monday, July 13, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Марк Руте со остра порака до Љубљана за воените издвојувања

28/05/2026
A A
МВР со мерки за безбедност за време на посетата на генералниот секретар на НАТО, измени во сообраќајот во Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, испрати остро предупредување до Словенија поради начинот на кој земјата ги прикажува трошоците за одбрана. Во писмо упатено до техничкиот премиер Роберт Голоб, Руте посочил дека Љубљана прикажува повисоки бројки од реалните и на тој начин создава погрешна слика за исполнување на обврските кон Алијансата.

Според податоците што Словенија ги доставила до НАТО, земјата во 2025 година треба да достигне 2,01 проценти од БДП за одбрана. Сепак, според проценките на Алијансата, дел од средствата не спаѓаат во класични воени трошоци, туку во инфраструктурни и безбедносни проекти со поширока намена.

НАТО проценува дека кога тие ставки ќе се изземат, реалните издвојувања за одбрана изнесуваат околу 1,6 проценти од БДП, што е значително под пријавеното ниво и претставува разлика од околу 300 милиони евра.

Руте во писмото предупредил дека ниските трошоци за одбрана во време на безбедносни предизвици ја поткопуваат колективната безбедност на Алијансата и ја повикал Словенија да обезбеди реално и одржливо зголемување на буџетот за одбрана.

Во меѓувреме, словенечката влада возврати дека токму актуелната власт обезбедила најголеми инвестиции во одбраната досега и првпат ја довела земјата до исполнување на целта од два проценти од БДП.

Од кабинетот на премиерот Роберт Голоб порачаа дека Словенија има поширок пристап кон безбедноста, кој покрај класичните воени трошоци опфаќа и инвестиции во сајбер безбедност, критична инфраструктура, енергетска стабилност и воена мобилност.

Несогласувањата меѓу НАТО и Словенија доаѓаат во пресрет на следниот самит на Алијансата, каде повторно ќе се отвори прашањето за зголемување на издвојувањата за одбрана кај земјите членки.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор
Вести

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор

12/07/2026
Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон
Вести

Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Семејна расправија заврши со повреден маж во скопски Аеродром

12/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ: Нема да учествуваме на координативната средба

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Вандализам во Виница: Училиштето најави кривична постапка по снимките од видеонадзорот

12/07/2026
Женската штафета донесе сребро и го урна рекордот стар 27 години
Вести

Женската штафета донесе сребро и го урна рекордот стар 27 години

12/07/2026
Следна вест
Компромис во Брисел: Одобрен заем од 90 милијарди евра за Украина

Брисел исплаќа нова транша за Украина во рамки на европскиот инструмент

Најнови вести

Играчите на Реал Мадрид постигнаа најмногу голови во историјата на Мундијалите

Играчите на Реал Мадрид постигнаа најмногу голови во историјата на Мундијалите

12/07/2026
Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор

12/07/2026
Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон

Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Семејна расправија заврши со повреден маж во скопски Аеродром

12/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: Нема да учествуваме на координативната средба

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Вандализам во Виница: Училиштето најави кривична постапка по снимките од видеонадзорот

12/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.