• Импресум
Sunday, July 5, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Награда „Стале Попов“ на ДПМ за романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски

04/02/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Награда „Стале Попов“ на ДПМ за романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски

Романот „Папокот на светлината“ на Венко Андоновски е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување за 2022 година. Признанието традиционално го доделува Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1975 година.

Претседателката на комисијата, Александра Јуруковска, на денешната прес-конференција информираше дека на конкурсот за оваа награда пристигнале осумнаесет дела од исто толку автори. Членови на комисијата се Милован Стефановски и Весна Дамчевска Илиевска.

Како што рече, по внимателното исчитување на книгите и по неколкуте одржани состаноци, комисијата едногласно ја донесе одлуката наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга за 2022 година да му ја додели на романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски.

Според образложението, станува збор за слоевито, комплексно дело, кое пред читателот открива неколку светови и мноштво силни пораки.

– Андоновски многу свесно, прецизно и луцидно си поигрува со времето и просторот, со временскиот дисконтинуитет, но и со една од вечните човекови опсесии – бесмртноста. Трите главни приказни се одвиваат во три периоди, со (не)случајни синхроницитети меѓу нив и низ неколку клучни теми: верност, вечност, туѓиот грев и сопствената безгрешност. Играта со постоењето во повеќе времиња истовремено (или во повеќе паралелни вселени) е поткрепена со динамичната нарација, во која нема коинциденција, а истовремено има мноштво метатекстуални забелешки сведени под дилемата – дали нарацијата ни е дадена за да сфатиме дека во исто време сè е и сегашност и минато и иднина? Романот отвора и силни прашања за семиотиката како демонологија, за губењето на невиноста на јазикот и писмото низ пишувањето и говорењето, се вели меѓу другото во образложението на комисијата.

Како што се наведува во образложението, „Папокот на светлината“ е возбудливо одгатнување неколкукратно кодирани кодови, отворен дијалог со дела важни за книжевниците, филозофите и теоретичарите, но и со теми важни за читателот без кој не би постоеле ниту текстот, ниту маргините, ниту книгата“ – стои во образложението на комисијата.

Авторот Венко Андоновски во своето видеообраќање на денешната прес-конференција се заблагодари за признанието и истакна дека со оваа награда го заокружува својот романескен опус.

– Прв пат оваа награда ја освоив со „Папокот на светот“ пред цели 20 години, потоа, по десет години со „Ќерката на математичарот“, а по десет години со „Папокот на светлината“. Оваа награда ми доаѓа како некој циклус на десет години, а така доаѓаат и моите романи. Кон Стале Попов негувам исклучителна творечка почит и го сметам за еден од канонските автори на нашиот, македонскиот роман. За „Папокот на светлината“ немам што многу да кажам, тоа е дело кое го пишував буквално како да дишам. Во него ме има многу мене, го има Јан Лудвиг од пред 20 години, но сега веќе созреан во една сосема друга атмосфера и во него се наоѓа севкупното мое животно искуство преточено низ устите на ликовите. Тука е акумулирана и добра литература од морален тип, од знаењето на светите отци, посочи Андоновски.

Традиционалното врачување на наградите за најдобрите остварувања е на 13 февруари, на денот на Друштвото на писателите на Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ново рангирање на пасошите: Европа доминира, САД паднаа
Живот

Ново рангирање на пасошите: Европа доминира, САД паднаа

05/07/2026
Електричните автомобили со најголем раст во Европа
Живот

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
Еве ги новите цени на горивата!
Вести

Нови цени на горивата: Бензините и дизелот значително поевтинуваат

22/06/2026
Има ли редици со странски инвеститори на македонските граници?
Вести

Албанија го одобри системот „Еден шалтер“ со Македонија

20/06/2026
Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев
Вести

Радев одби средба со Мицкоски

18/06/2026
Коњановски: Заедно со граѓаните креираме проекти што го менуваат секојдневието
Вести

Коњановски: Искуствата од Хрватска ќе помогнат Битола да развива современи енергетски заедници

18/06/2026
Следна вест
Мажи, земајте Вијагра за да бидете здрави

Мажи, земајте Вијагра за да бидете здрави

Најнови вести

Голманот на Зеленортски Острови е најубавата приказна на Мундијалот

Голманот на Зеленортски Острови е најубавата приказна на Мундијалот

05/07/2026
Ново рангирање на пасошите: Европа доминира, САД паднаа

Ново рангирање на пасошите: Европа доминира, САД паднаа

05/07/2026
Дешамп откри: Моравме да го заштитиме Мбапе од противниците

Дешамп откри: Моравме да го заштитиме Мбапе од противниците

05/07/2026
Горештините се враќаат, утре до 36 степени

Сончево и топло време, но со засилен северен ветер

05/07/2026
Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.