• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Никотин или кофеин, што носи поголем ризик?

27/03/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Никотин или кофеин, што носи поголем ризик?

Никотинот несомнено предизвикува значителен ризик од зависност, меѓутоа, акутните ефекти врз класичните фактори на ризик за кардиоваскуларни болести, како што е крвниот притисок, се поголеми од консумирањето кофеин отколку од никотинот, рече Фредрик Нистром, професор по интерна медицина на Универзитетот Линкопинг во Шведска, на XXI Меѓународен конгрес за клиничка кардиологија и срцева слабост, CardioS 2023, одржан во Белград.

На конгресот, професорот Нистром презентираше студија која ги покажува ефектите на никотинот и на кофеинот по консумирање обилен оброк. При користење никотин (преку конзумирање на никотински кесички), крвниот притисок се зголемил за околу 3 mmHg, нивото на кортизол, т.н. хормон на стрес, се зголемил, додека потрошувачката на енергија останала непроменета во споредба со плацебо тестот (без никотин). Зголемувањето на крвниот притисок со внесот на никотин било помало од она што било забележано со внесот на кофеин кај здрави субјекти.

Интересно е тоа дека зголемувањето на кортизолот (хормонот на стрес) може да го активира механизам за зголемено внимание и фокусирање, што е клинички добро познат краткорочен ефект на овој хормон. Исто така, краткорочното зголемување на кортизолот кај корисници на никотин било многу помало во споредба со она при силна физичка активност, покажуваат испитувањата. Дополнително, како што вели професорот, забележан е ефектот на никотинот на намалување на телесната тежина, намалување на апетитот, како и на зголемена потрошувачка на енергија.

Како заклучок, професорот Нистром нагласи дека е важно да се направи разлика помеѓу опасностите од пушењето тутун и потрошувачката на никотин без чад и согорување.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати
Вести

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати

15/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,05 отсто, најтргувани акциите на Македонијатурист

13/06/2026
Што се случува со Фејсбук?
Вести

Пад на Фејсбук и Месенџер, се чека официјално објаснување

12/06/2026
Студентите од приватните факултети бараат бесплатен градски превоз во Скопје
Вести

Напад врз контролор на ЈСП поради неплатен билет

11/06/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко
Вести

Сообраќаен инцидент прераснал во обид за убиство, истрага против двајца браќа

08/06/2026
Нема активни пожари во Македонија
Вести

Инцидент во Скопје: Изгоре паркиран автомобил, истражуваат причините

06/06/2026
Следна вест
Македонија против Фарски Острови вечерва на арената „Тодор Проески“

Македонија против Фарски Острови вечерва на арената „Тодор Проески“

Најнови вести

Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа

Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа

16/06/2026
Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид

Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид

16/06/2026
Мицкоски: Граѓаните во Маврово-Ростуше го одбраа трудот и резултатите, СДСМ доживува нов неуспех

Мицкоски: Нова фабрика во ТИРЗ Тетово ќе вработи до 500 луѓе

16/06/2026
Јаневска: Октомври е, а учебници по сите предмети сѐ уште нема, Шаќири и Велева авторите на учебниците ги делат на партиски подобни и неподобни

Јаневска: Државната матура помина со многу помалку препишување од претходно

16/06/2026
Ердоган тврди дека води на предизборните анкети

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.