• Импресум
Sunday, July 12, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Поранешниот претседател на Боливија Луис Арсе заврши во затвор

13/12/2025
A A
Поранешниот претседател на Боливија Луис Арсе заврши во затвор

Поранешниот претседател на Боливија, Луис Арсе, вчера беше префрлен во затворот „Сан Педро“ во Ла Пас, каде ќе помине пет месеци во истражен притвор поради сомнежи за злоупотреба на јавни средства наменети за проекти за домородното население. Истрагата се однесува на периодот кога Арсе ја извршуваше функцијата министер за економија во владата на Ево Моралес, која беше на власт од 2006 до 2019 година.

Со силно полициско обезбедување, Арсе беше изнесен од просториите на Специјалната антикриминална единица во Ла Пас, каде што беше приведен во средата, и пренесен во затвор со возило со затемнети стакла. Затворот „Сан Педро“ се наоѓа во истоимената населба, во близина на историскиот центар на боливиската престолнина.

„Не сме исчезнале, тука сме и невини сме“, изјави Арсе за медиумите по пристигнувањето во затворот.

Денеска тој се појави пред судијата за антикорупција Марио Елмер Лаура, кој одлучи поранешниот шеф на државата да остане во притвор во „Сан Педро“ во период од пет месеци, додека трае истрагата.

На рочиштето, Арсе се изјасни за апсолутно невин и оцени дека неговото апсење е политички мотивирано. Според него, новата влада на претседателот Родриго Паз бара „жртвени јагниња“ со цел да го одвлече вниманието од актуелната состојба во земјата.

Арсе тврди и дека неговото приведување било нелегално, наведувајќи дека бил уапсен од маскирани лица во центарот на Ла Пас, одведен со два автомобила и дека, и покрај неговото барање, првично не му била покажана судска потерница.

Обвинителството го товари за неисполнување на службени должности и постапување спротивно на економската логика, наведувајќи дека како министер одобрил распределба на средства за проекти кои воопшто не биле реализирани или биле само делумно спроведени.

Арсе има 62 години и е член на партијата Движење кон социјализам. Тој беше избран за претседател во 2020 година, а ја напушти функцијата пред еден месец, по изборот на првиот десничарски лидер на Боливија по речиси дваесет години.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген
Вести

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген

11/07/2026
Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп
Вести

Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп

11/07/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија
Вести

Приведен 36-годишник по кражба во маркет во Гостивар

11/07/2026
Конгресот на СДСМ се одложи, општинските организации ќе го разгледуваат извештајот
Вести

СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

11/07/2026
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка партија
Вести

Мицкоски: Ние сме најнапредна земја во спроведување на реформи, уставните измени не се реформа

11/07/2026
Возачите со предупредување: Ограничен сообраќај во Солун до утринските часови
Вести

Возачите со предупредување: Ограничен сообраќај во Солун до утринските часови

11/07/2026
Следна вест
Спортски авион падна во Мавровското Езеро

Спортски авион падна во Мавровското Езеро

Најнови вести

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген

11/07/2026
Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка

Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка

11/07/2026
Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп

Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп

11/07/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија

Приведен 36-годишник по кражба во маркет во Гостивар

11/07/2026
Конгресот на СДСМ се одложи, општинските организации ќе го разгледуваат извештајот

СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

11/07/2026
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка партија

Мицкоски: Ние сме најнапредна земја во спроведување на реформи, уставните измени не се реформа

11/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.