Новогодишен хепенинг за децата в сабота ќе организира општина Кисела Вода во паркот на улицата „Есенинова“. Настанот ќе се одвива под името „Дедо Мраз со подароци за вас” и на најмладите ќе им овозможи несекојдневно доживување. Општина Кисела Вода ги поканува дечињата на големо дружење со почеток од 10:30 минути.
-Програмата ќе започне со театарска претстава во изведба на вработените од ЈДГ “Весели Цветови“, по што следува концерт на „Поточиња“, а потоа спектакуларно, со балон на топол воздух ќе пристигне Дедо Мраз и ќе им подели пакетчиња на сите присутни дечиња. Бидете сите во сабота, на 24.12.2022, во паркот на улицата „Есенинова“ за заедно да ја почуствуваме новогодишната магија и да си посакаме многу успех, среќа и здравје во Новата 2023 година!, се вели во поканата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:













