Необична и шокантна сцена се случи на самиот почеток од дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Евертон на „Олд Трафорд“, во рамките на 12. коло од Премиер лигата.
Во 13. минута, Идриса Гана Геј заработи директен црвен картон поради несфатлив потег. По една акција на домаќините, Сенегалецот влезе во жестока вербална расправија со својот соиграч Мајкл Кин, а потоа му удри шлаканица.
Судијата Харингтон кој беше во непосредна близина, без двоумење го испрати Геј во соблекувална.
Разочараниот Кин, видно гневен, само му возврати со зборовите: „Ти си глупав, ти си глупав“, проследени со остри гестикулации.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












