• Импресум
Tuesday, June 2, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Баерн и Челси во големата „осумка“ во Лигата на шампионите

18/03/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Баерн и Челси во големата „осумка“ во Лигата на шампионите

Актуелниот носител на трофејот, Баерн Минхен и препородениот Челси под Томас Тухел се последните два четврт-финалисти во Лигата на шампионите, откако ја зголемија предноста која ја имаа во гостинските мечеви од осминафиналето.

Баварците, кои својата работа ја завршија во Рим пред две недели, со 2:1 го „довршија“ Лацио, додека Челси со 2:0 славеше над Атлетико Мадрид на „Стемфорд бриџ“, во меч одбележан со (не)реакцијата на ВАР системот што ги налути гостите.

Меѓу најдобрите осум на стариот континент се три англиски екипи: Челси, Манчестер сити и Ливерпул, два германски состави – Баерн и Борусија Дортмунд и по еден од Франција (Пари Сен-Жермен), Шпанија (Реал Мадрид) и Португалија (Порто). Ждрепката е во петок во 12 часот и нема да има никакви ограничувања за потенцијалните противници.

Во Лондон, Хаким Зијеш го постигна својот прв гол за Челси на „Стемфорд бриџ“ во 34. минута од мечот, десетина минути откако Атлетико Мадрид не добија очигледен пенал по фаулот на Цезар Азпиликуета над Караско, за кој судијата Даниеле Орсато и неговите помошници во ВАР-собата решија дека не е важен. Емерсон во 94. минута зголеми на 2:0 откако Атлетико останаа со играч помалку по директниот црвен картон за Стефан Савиќ.

За Атлетико, ова претставува нов европски неуспех и сега со цела сила ќе тргнат по трофејот од Ла лига, каде што се лидери, додека за Челси ова е продолжување на одличните резултати под Томас Тухел.

Во Германија, пак, Роберт Левандовски во 33. минута од пенал го отвори резултатот со водство за Баерн, а Ерик-Максим Чупо-Мотинг во 73. минута зголеми на 2:0, пред Марко Пароло во 82. минута да постигне гол против европскиот шампион.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ

Челси – Атлетико Мадрид 2:0, прв меч 1:0, вкупно 3:0

Баерн Минхен – Лацио 2:1, прв меч 4:1, вкупно 6:2

ЧЕТВРТ-ФИНАЛИСТИ ВО ЛШ

Челси (Анг), Баерн Минхен (Гер), Манчестер сити (Анг), Порто (Пор), Борусија Дортмунд (Гер), Ливерпул (Анг), Пари Сен-Жермен (Фра), Реал Мадрид (Шпа)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баумгартнер аут за СП, Австрија во проблем пред стартот на турнирот
Вести

Баумгартнер аут за СП, Австрија во проблем пред стартот на турнирот

02/06/2026
Земјотрес го погоди Крагуевац
Вести

Силен потрес во Италија, властите на терен

02/06/2026
Арина Сабаленка ја запре Осака и продолжува во четвртфиналето
Вести

Арина Сабаленка ја запре Осака и продолжува во четвртфиналето

01/06/2026
Сериозен удар за Франција, Салиба под знак прашалник за Мундијалот
Вести

Сериозен удар за Франција, Салиба под знак прашалник за Мундијалот

01/06/2026
Тежок пораз за Македонија на гостувањето кај Турција
Вести

Тежок пораз за Македонија на гостувањето кај Турција

01/06/2026
Ракометна еуфорија во Охрид: Прослава за европскиот трофеј
Вести

Ракометна еуфорија во Охрид: Прослава за европскиот трофеј

01/06/2026
Следна вест
Чеферин: На секој натпревар на Евро 2020 ќе има публика

Чеферин: На секој натпревар на Евро 2020 ќе има публика

Најнови вести

Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко

Кривични пријави во Куманово: Уништено заштитено културно наследство и бесправна градба

02/06/2026
Срамно е да пропадне Охридскиот маратон: Пендаровски ќе ја штити ли 60-годишната традиција?

Ограничена пловидба на езерата за зголемена безбедност на капачите

02/06/2026
Тетовец обвинет за узурпација: Заградил државна парцела и ја користел како паркинг

Полицијата приведе девет лица поради безобѕирно возење низ државата

02/06/2026
Дурмиши: Ненадејното зголемување на минималната плата може да ги погоди малите фирми

Цените се стабилни, порастот кај основните производи е само 0,43%, кажа министерот Дурмиши

02/06/2026
Постои сомнеж за убиство, пронајден е починат 42-годишен маж во Кавадарци што семејството го барало неколку дена

ЈО презентираше нова комуникациска стратегија на Јавното обвинителство за периодот 2026 – 2028 година

02/06/2026
Баумгартнер аут за СП, Австрија во проблем пред стартот на турнирот

Баумгартнер аут за СП, Австрија во проблем пред стартот на турнирот

02/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.