• Импресум
Saturday, July 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Научија ли нешто денешните фунционери од комитите и партизаните?

Колумна на Никола Тасев

25/10/2022
A A
Научија ли нешто денешните фунционери од комитите и партизаните?

Помина уште еден празник. Ден на македонската револуционерна борба. Го прославивме ли како треба? Честитаа по некои од политичарите, претежно на фејсбук. Власта прати по некој заменик министер да однесат цвеќе на спомениците на некои од револуционерите. Се се чини како да се чекаше денот да заврши побрзо за министрите да тргнат во својата „револуционерна борба“ за Македонија. Но, научија ли денешните политичари, особено оние во власта, нешто од вистинските револуционери. Им даваат ли правец во раководењето со државата, нивните дела, патриотизмот и посветеноста кон Македонија и одбраната на националниот идентитет?

И Премиерот честиташе преку социјалните мрежи, но слушна ли тој дека на 30 Октомври во Благоевград ќе се отвара Македонски културен клуб? Тамошниот градоначалник дал дозвола за негово отворање. Ковачевски досега можеше да ја поздрави иницијативата на Македонците во Бугарија и да најави како македонската влада ќе ја даде својата поддршка, па и да каже кој ќе биде во официјалната делегација што ќе присуствува на свечениот чин? Како што бугарската делагација ја предводеше потпретседателката Јотова при отворањето на нивниот Клуб во Битола. Еве, ако премиерот е зафатен со бркање инвеститори по Блискиот Исток, а министерот Османи со создавање пријатели по светот, делегацијата на Македонија може да ја предводи вицепремиерот Маричиќ. И така се шутка на неважни настани и пробува да ја „оправи” ЕУ, барем нешто важно нека направи. Башка што во Благоевград има добра скара.

Или на Премиерот и на останатите од власта пак ќе им требаат неколку дена да ја „сварат” оваа информација, како што беше и со веста од минатата недела кога Советот на Благоевград првично донесе Декларација со забрана за отворање на Клубот. Се мислеа неколку дена, па на крај преку МНР напишаа млако соопштение каде што кажаа дека тоа „не е добро за добрососедските односи.”

Вака ли се трткаа и македонските револуционери чии дела вчера ги празнувавме?

Ако власта одлучи да го „преспие” отворањето на Клубот во Благоевград, уште еднаш ќе покаже дека не се грижи за својот народ во соседните држави. Ќе покаже и дека повторно ја лаже јавноста околу Договорот со Бугарија и т.н. реципроцитет во него. Та нели и Премиерот најави дека наскоро ќе се отвори Македонски културен центар во Бугарија – токму во Благоевград. Еве го Клубот – ќе се отвара! Се откажува ли Владата од таа идеја? Или воопшто немала намера да го направи тоа?

Или нашите од власта вака го сфаќаат реципроцитетот во односите. Бугарите во македонскиот устав, ама Македонците не смеат ни да постојат во Бугарија. Бугарите да отвораат нивни клубови кај нас со сите почести и со официјални гости, а нашите клубови во Бугарија скришум и ингонито, игнорирани и од матичната држава. Само за да не ги налутиме соседите.

Вака ли правеа Гоце Делчев, Даме Груев, Генералот Апостолски, Ченто…?

Ќе се правдаат можеби дека тоа би било мешање во внатрешните работи на друга држава. Не е точно! Па, не им се мешаме на Бугарите при избор на министри, при креирање на даночна политика или формирање на цена на енергенси, туку едноставно Македонија (како и секоја друга држава) има право и обврска да се грижи за својот народ – малцинство во соседна држава. Тоа е основно човеково право, гарантирано и јасно декларирано и во сите документи на ОБСЕ. Затоа што прашањата поврзани со национални малцинства, како и придржувањето кон меѓународните обврски и ангажмани за нивните права се од легитимен меѓународен интерес и грижа и не претставуваат исклучиво внатрешна работа на државите.

Зарем тоа што цела Европа е заинтересирана за руско – украинската војна е мешање во внатрешните работи на тие држави. Македонската влада прилично е грлата кога се работи за правата на Украинците, но молчи за правата на Македонците. И не само за нашето малцинство во Бугарија, туку и во Албанија.

Пак ќе прашам: научија ли денешните функционери од делата на комитите и партизаните како се брани македонскиот идентитет?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претрес по наредба на суд: Оружје и куршуми пронајдени во дом во Брвеница
Вести

Непознати лица пукале кон деловен објект во Тетово

18/07/2026
Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?
Вести

Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?

18/07/2026
Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени
Вести

Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени

18/07/2026
Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“
Вести

Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“

18/07/2026
Доцни вечери, алкохол и пиротехника: ИЈЗ со важни совети за безбедни празници
Вести

Стручни екипи на ИЈЗ работат и за викенд по случајот во Гостивар

18/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба

18/07/2026
Следна вест
Ковачевски од Скопје ќе го проследи отворањето на македонскиот клуб во Бугарија

Ковачевски од Скопје ќе го проследи отворањето на македонскиот клуб во Бугарија

Најнови вести

Претрес по наредба на суд: Оружје и куршуми пронајдени во дом во Брвеница

Непознати лица пукале кон деловен објект во Тетово

18/07/2026
Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?

Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?

18/07/2026
Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени

Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени

18/07/2026
Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“

Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“

18/07/2026
Доцни вечери, алкохол и пиротехника: ИЈЗ со важни совети за безбедни празници

Стручни екипи на ИЈЗ работат и за викенд по случајот во Гостивар

18/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба

18/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.